Градење на капацитетите на граѓанските организации за животна средина за зголемување на демократските процеси во Македонија

Градење на капацитетите на граѓанските организации за животна средина за зголемување на демократските процеси во Македонија

Subtitle

Проектот “Градење на капацитетите на граѓанските организации за животна средина за зголемување на демократските процеси во Македонија“, е финансиран од Европската Унија, во рамки на ИПА Фонд за граѓанско општество и медиумска програма 2016-2017 година, и се спроведува од страна на Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт Македонија во партнерство со ЗИЖС Развојна програма, во периодот од 15 јануари, 2018 година до 15 јануари, 2021 година.

Главната цел на проектот е да се создадат услови за еколошките граѓански организации активно да учествуваат во креирање на политики и во процесите на донесување одлуки поврзани со животна средина.

Во рамки на проектот беше објавен повик за понесување на предлог проекти наменет за организациите членки на мрежата.

Целта на повикот беше поднесување предлог проекти преку кои ќе се обезбеди поддршка на граѓанските организации членки на мрежата за трансфер, примена и мултиплицирање на ефектите од стекнатото знаење од програмата за градење на капацитети, односно подобрување на владеењето во областа на животната средина преку создавање услови за активно учество на граѓанските организации во креирање на јавното мислење, процесите на креирање политики и донесување одлуки за теми поврзани со животната средина.

Следните проекти се финансирани во рамки на проектот “Градење на капацитетите на граѓанските организации за животна средина за зголемување на демократските процеси во Македонија“:

– Архус за новинари, кој се спроведува од страна на Новинари за човекови права од Скопје

– Архус столче, кој се спроведува од страна на Полимат 13 од Богданци

– Животна средина, демократија и градење на капацитети за Архуска конвенција во регионот Малеш-Пијанец, кој се спроведува од страна на Регионален центар за застапување од Делчево, во партнерство со ЗГ „Здравец 2002“ од Македонска Каменица и ЗГ „Амброзија“ од Пехчево

– Преку Архус и Мастрихт до Еколошка транспарентна информација, кој се спроведува од страна на Здружение за значење на еколошкото образование во осовременување на еколошкиот процес – ЗЕОООП од Скопје и Балканска водна мрежа од Скопје

– ИМАМ ПРАВО ДА ЗНАМ!, кој се спроведува од страна на Унија на Еколози Натура, Струга

– Национална платформа за Б-интегрирани еколошки дозволи, кој се спроведува од страна на ЦЕЛОР од Радовиш Институт за обуки “КОЦКА” од Скопје

Архус за новинариНовинари за човекови права
Архус столчеПолимат 13
ЕДУЕНРЦЗ
ПАМЕТИЗЕОООП
Имам право да знам!!!Натура
Национална платформа за Б-интегрирани еколошки дозволиЦЕЛОР

Име на проектот: Архус за новинари
Референтен број на проектот: IPA/2017/393-188/SG-AH; 03-30/2-1
Вкупен буџет на проектот: 501.236,70 МКД; 8.159,19 EUR
Финансиско учество на Милиеуконтакт Македонија: 477.424,50 МКД; 7.763 EUR
Финансиско учество на Новинари за човекови права: 23.800,50 МКД; 387 EUR
Целни групи: Локални новинари со интерес за областа животна средина
Име на организацијата лидер на проектот: Новинари за човекови права
Новинари за човекови права е граѓанска организација основана во 1999 година, која
работи на развој на еколошка демократија и еколошката писменост и се залага за
реформи во животната средина, здравствената политика и човековите права. Нашата
мисија се заснова на почитување на човековите права од аспект на животната средина;
развој на еколошко новинарство и пристап до информации; интеграција на сиромашните и маргинализираните во локалната заедница; посредување, застапување, иницирање и извршување на континуирани социјални активности; едукација на младите за заштита на животната средина и здравјето и со тоа нивно подготвување за активно учество во проекти поврзани со животната средина и одржливиот развој.

Име на проектот: Архус столче
Референтен број на проектот: IPA/2017/393-188/SH-AС; 03-30/2-2
Вкупен буџет на проектот: 595,800.00 МКД; 9.686 EUR
Финансиско учество на Милиеуконтакт Македонија: 595,800.00 МКД; 9.686 EUR
Целни групи: Претставници на локалната самоуправа од општина Богданци; Локални
граѓански организации од општина Богданци; Студенти на прв и втор циклус на студии на правен факултет од општина Богданци.
Име на организацијата лидер на проектот: Здружение за развој, едукација и еколошка
етика – ПОЛИМАТ 13
ПОЛИМАТ 13 работи на создавање на еколошка одржливост со обновливи технологии со ангажирање на вода – клима – енергија – биодиверзитет – почва – соработка – култура.
Здружението постои од 2013 година и посветено работи на унапредување на животниот стандард преку едукација, информирање и истражување, како и поттикнување на населението на соработка со локалната самоуправа заради заштита и унапредување на состојбите за поквалитетен живот.

Име на проектот: ИМАМ ПРАВО ДА ЗНАМ!!!
Референтен број на проектот: IPA/2017/393-188/SG; 03-30/2-9
Вкупен буџет на проектот: 637.000,00 МКД; 10.356,03 EUR
Финансиско учество на Милиеуконтакт Македонија: 615.000,00 МКД; 9.998,37 EUR
Финансиско учество на Унија на Еколози – Натура: 22.000,00 МКД; 357,66 EUR
Целни групи: Граѓанските организации од регионот кои работат на полето на заштита на животна средина и пристап до информации; Локалните самоуправи од регионот (Струга, Охрид, Дебар, Маврово, Вевчани и Дебарца)
Име на организацијата лидер на проектот: Унија на Еколози – Натура
Унијата на Еколози – Натура е невладина организација формирана во 1995 година и до денес има спроведено голем број на проекти во областа на заштита на животната
средина, заштита на биодиверзитетот и развој на еколошкиот туризам, со посебен акцент на едукација на младите за животната средина и подигнување на јавната свест за поимите еколошка рамнотежа и одржлив развој.

Име на проектот: Национална платформа за Б-интегрирани еколошки дозволи
Референтен број на проектот: IPA/2017/393-188/SG- НП_БИД; 03-30/2-11
Вкупен буџет на проектот: 849.045,00 МКД; 13.805,60 EUR
Финансиско учество на Милиеуконтакт Македонија: 849.045,00 МКД; 13.805,60 EUR
Целни групи: Службеници од сите 84 општини во РСМ, ЗГ од областа на животната
средина и одржлив развој, оператори на Б инсталации.
Име на организацијата лидер на проектот: ЗДРУЖЕНИЕ ЦЕЛОР – ЦЕНТАР ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ, Радовиш
Здружението ЦЕЛОР е домашна невладина, независна и непартиска организација,
основана во Радовиш, јули 2006 год., со основна идеја за давање поддршка и услуги на
граѓанското општество и придонес кон економскиот развој, социјалната добробит и
заштита на животната средина. Организацијата дејствува и работи на локално,
национално и меѓународно ниво. Центарот за локален развој им помага на граѓаните,
граѓанските здруженија, локалните заедници, локалната самоуправа и бизнис секторот во нивните активности за изнаоѓање прифатливи алтернативи во решавањето на нивните проблеми, изготвување на планови, програми и активности кои ќе водат кон подобрување на условите на живеење и градење на одржливи заедници.
Име на организацијата партнер на проектот: Здружение Институт за обука КОЦКА,
Скопје Институтoт за обуки „КОЦКА“ е непрофитно здружение на граѓани, организација која обезбедува обуки и консултантски услуги за граѓанските организации, меѓународните развојни организации, единиците на локална самоуправа (ЕЛС), бизнис секторот, како и јавни институции. Институтот „КОЦКА“ е карактеристичен по комбинирање на вештините и методите за обука, користење на специфични партиципативни техники изградени со користење на различни ТОТ курсеви.

Име на проектот: Преку Архус и Мастрихт до Еколошка Транспарентна Информација
Референтен број на проектот: IPA/2017/393-188/SG-ПАМЕТИ; 03-30/2-7
Вкупен буџет на проектот: 760.374,31 МКД; 12.363,81 EUR
Финансиско учество на Милиеуконтакт Македонија: 760.374,31 МКД; 12.363,81 EUR
Целни групи: службениците на јавната администрација на локално ниво (од секторите за животна средина), Граѓански организации и Заедниците на станари од општините
Аеродром, Кисела Вода и Шуто Оризари.
Име на организацијата лидер на проектот:
Здружение за значење на еколошкото образование во осовременување на образовниот
процес – ЗЕОООП, овозможува едукација и проучување за важноста на образованието
за животната средина во модернизација на образовниот процес, од гледна точка на
социјалната екологија како посебна социологија која го проучува специфичен однос
помеѓу човекот и неговата околина. Во контекст на ваквиот пристап за социјална екологија треба да се оди на концепција за нагласување на образованието за животната средина и да ја нагласува важноста за развој на еколошката култура. Особено, укажува на поврзаноста на глобализација, меѓународната ориентација и еколошка едукација во формирањето на еколошката култура во решавањето на еколошките проблеми.
Име на организацијата партнер на проектот: Балканска водна мрежа
Балканска водна мрежа е регионална мрежа на граѓански организации кои спроведуваат проекти во 4 земји и се залагаат за универзален, достапен и одржлив пристап до WASH како клучно јавно јавно здравје во рамките на меѓународниот развој и во фокусот на цел на одржлив развој 6. Пристапот до WASH вклучува безбеднa вода, соодветно санитарно и хигиенско образование и решавањеto на овие проблеми може да ги намали болестите и смртта, а исто така да ја намали сиромаштијата и да го подобри социо-економскиот развој.

Име на проектот: „Животна средина, демократија и градење на капацитети за Архуска
конвенција во регионот Малеш-Пијанец“
Референтен број на проектот: IPA/2017/393-188/SG-ЕДУЕН; 03-30/2-3
Вкупен буџет на проектот: 985.790.00 МКД; 16.026,49 EUR
Финансиско учество на Милиеуконтакт Македонија: 985.790.00 МКД; 16.026,49 EUR
Целни групи: Граѓански организации, Локални институции, медиуми, заинтересирани страни
Име на организацијата лидер на проектот: Регионален центар за застапување
Здружението на граѓани Регионален Центар за застапување (РЦЗ) е формирано како
резултат на трансформација на Центарот за поддршка на невладини организацииДелчево. Основано во октомври 2006, со седиште во Делчево.

РЦЗ-Делчево е непрофитна, невладина и непартиска организација основана со слободно здружување на граѓаните претставници на НВО, претставници на бизнис секторот и претставници на локалната власт, со цел да се продолжи со основната функција која ја имаше ЦП НВОДелчево, зајакнување на граѓанското општество.
Име на организацијата партнер на проектот: Амброзија, Пехчево

Здружението „Амброзија“ е активно на полето на прашања поврзани со животната
средина, рурален развој и поттикнување на младинскиот активизам од 2004 година, со главен мотив спроведување на конкретни проекти за заштита на животната средина и одржливо искористување на природните ресурси. Главни области на делување на организацијата се прашања поврзани со животната средина и поттикнување на младински активизам, како и рурален развој.
Име на организацијата партнер на проектот: Здравец 2002, Македонска Каменица
Еколошкото друштво „Здравец 2002“ дејстува на територијата на општина Македонска Каменица и се залага за: заштита на животната средина, градење на правилен однос на човекот кон својата околина и природна средина, едукација и јакнење на јавната свест.
Главни области на делување на организацијата се подигнување на нивото на еколошка
свест на општата јавност, едукација и информирање на граѓаните за актуелните
еколошки проблеми.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

div#stuning-header .dfd-stuning-header-bg-container {background-image: url(https://milieukontakt.mk/wp-content/uploads/2020/04/DSC_5629-1.jpg);background-size: cover;background-position: center center;background-attachment: scroll;background-repeat: no-repeat;}#stuning-header div.page-title-inner {min-height: 550px;}