Градење на капацитетите на граѓанските организации за животна средина за зголемување на демократските процеси во Македонија
Проектот “Градење на капацитетите на граѓанските организации за животна средина за зголемување на демократските процеси во Македонија“, е финансиран од Европската Унија, во рамки на ИПА Фонд за граѓанско општество и медиумска програма 2016-2017 година, и се спроведува од страна на Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт Македонија во партнерство со ЗИЖС Развојна програма, во периодот од 15 јануари, 2018 година до 15 јануари, 2021 година.
Главната цел на проектот е да се создадат услови за еколошките граѓански организации активно да учествуваат во креирање на политики и во процесите на донесување одлуки поврзани со животна средина.
Во рамки на проектот беше објавен повик за понесување на предлог проекти наменет за организациите членки на мрежата.
Целта на повикот беше поднесување предлог проекти преку кои ќе се обезбеди поддршка на граѓанските организации членки на мрежата за трансфер, примена и мултиплицирање на ефектите од стекнатото знаење од програмата за градење на капацитети, односно подобрување на владеењето во областа на животната средина преку создавање услови за активно учество на граѓанските организации во креирање на јавното мислење, процесите на креирање политики и донесување одлуки за теми поврзани со животната средина.
Следните проекти се финансирани во рамки на проектот “Градење на капацитетите на граѓанските организации за животна средина за зголемување на демократските процеси во Македонија“:
– Архус за новинари, кој се спроведува од страна на Новинари за човекови права од Скопје
– Архус столче, кој се спроведува од страна на Полимат 13 од Богданци
– Животна средина, демократија и градење на капацитети за Архуска конвенција во регионот Малеш-Пијанец, кој се спроведува од страна на Регионален центар за застапување од Делчево, во партнерство со ЗГ „Здравец 2002“ од Македонска Каменица и ЗГ „Амброзија“ од Пехчево
– Преку Архус и Мастрихт до Еколошка транспарентна информација, кој се спроведува од страна на Здружение за значење на еколошкото образование во осовременување на еколошкиот процес – ЗЕОООП од Скопје и Балканска водна мрежа од Скопје
– ИМАМ ПРАВО ДА ЗНАМ!, кој се спроведува од страна на Унија на Еколози Натура, Струга
– Национална платформа за Б-интегрирани еколошки дозволи, кој се спроведува од страна на ЦЕЛОР од Радовиш Институт за обуки “КОЦКА” од Скопје