Милиеуконтакт Македонија во партнерство со CEIPIEMONTE S.c.p.a.
Ве покануваат да учествувате на
финалната конференција
која се организира во рамки на проектот:
“Јакнење на локалните бизниси за предизвиците на глобалните пазари”
Почитувани,
Настанот ќе се одржи на 12 јуни (среда), во хотел Bushi Resort & SPA, Скопје https://www.bushiresort.com/, со почеток во 12:00 часот.
Целта на финалната конференција е да ги презентира, сподели и промовира резултатите од проектот “Јакнење на локалните бизниси за предизвиците на глобалните пазари” пред пошироката јавност (бизнис сектор, здруженија на граѓани, јавни и образовни институции. Преку презентирање и дисеминација на резултатите, проектот ќе придонесе за подигање на свеста на бизнис секторот, а особено на МСП за нивната специфичната улога и можностите за унапредување на конкурентноста на земјата.
Главната цел на проектот е, да зголеми конкурентноста на националната економија преку подобрени капацитети на клучните чинители за развивање заеднички активности за искористување на расположливите фондови на ЕУ. Проектот е со времетраење од 18 месеци, од 15ти Декември 2017 до 16ти Јуни 2019.
Проектот “Јакнење на локалните бизниси за предизвиците на глобалните пазари” е финансиран од Европска Унија, Национална програма за помош при транзиција и градење на институциите (ТАИБ) за 2013 година, Инструмент за предпристапна помош, Компонента 1 (IPA I).
Договорен орган: Сектор за Централно финансирање и склучување на договори (ЦФСД), Министерство за финансии на Република Северна Македонија
Ве молам потврдите го Вашето учество, најдоцна до 11 Јуни (вторник), на тел +389 70 666 230 или на E-mail: aleksandra.s@mkm.mk; info@mkm.mk
Ви благодарам!
Координатор на Проектот
Александра Каракашова Сачкарска