Работилница за регистрација, административни постапки, права и финансиска подготвеност на земјоделските стопанства.

Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт Македонија реализира дводневна обука за регистрација, административни постапки, права и финансиска подготвеност на земјоделските стопанства.
Обуката се организира во рамките на проектот „AgriSHIFT – resilient farming“, кој го спроведуваат Forum for Equitable Development и Милиеуконтакт Македонија, со поддршка од Slovenia – Aid & Partnerships. Проектот е насочен кон зајакнување на знаењата и практичните капацитети на земјоделците за поотпорно и одржливо земјоделско производство.
За време на обуката ќе работиме на конкретни примери поврзани со регистрацијата на земјоделските стопанства, потребната документација, директните плаќања, Програмата за рурален развој, ИПАРД, продажбата од куќен праг, органското производство, поплаките и жалбите, како и основните производни калкулации.
Кратките објаснувања ќе бидат комбинирани со практични задачи, групна работа и подготовка на план за административна и финансиска подготвеност на секое стопанство. Во рамки на обуката ќе го објавиме повикот за демонстративни парцели за паметно користење вода и ресурси и повикот за финансиска поддршка на земјоделки и земјоделци.
На следниот линк е агендата