Интегрирање на родовата перспектива и инклузивен развој на земјоделството

Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт Македонија реализира дводневна обука за
Интегрирање на родовата перспектива и инклузивен развој на земјоделството
Учеснички и учесници може да се индивидуални земјоделки и земјоделци, членови на граѓански организации кои што работат во област на производство на храна, студентки и студенти кои што студираат сродни студии (Агрономија, сточарство, полјоделство и тн…) Од следниве општини: Струмица, Босилово, Василево, Ново Село, Радовиш, Конче, Валандово, Гевгелија, Богданци, Дојран, Струга, Вевчани и Дебар.
Обуката се организира во рамките на проектот „AgriSHIFT – resilient farming“, кој го спроведуваат Forum for Equitable Development и Милиеуконтакт Македонија, со поддршка од Slovenia – Aid & Partnerships. Проектот е насочен кон зајакнување на знаењата и практичните капацитети на земјоделците за поотпорно и одржливо земјоделско производство.
Сите заинтересирани учесници треба да се пријавата на следниот линк, не подоцна од 25.11.2026г.