Calls
Повик за грантови

Повик за грантови

Отворени се три повици во рамките на AgriSHIFT!

Милиеуконтакт Македонија ги повикува земјоделките и земјоделците да ги разгледаат можностите за подобрување на своите стопанства и за поодржливо и поотпорно земјоделско производство:

🌱 12 земјоделски микрогрантови — поддршка од 10.000 евра по проект за конкретни подобрувања на стопанствата, поефикасно користење на ресурсите и приспособување кон климатските промени.

💧 Демонстративни парцели — избор на четири парцели, со поддршка до 2.500 евра по парцела, за практични решенија за поефикасно користење на водата и подобрување на условите за производство.

🔬 Анализа на почва — пријавување парцели за подобро познавање на состојбата на почвата и планирање на управувањето со почвата и хранливите материи.

Рок за пријавување за сите три повици: 11.12.2026 до 17:00 часот, по македонско време.

Условите, упатствата и обрасците се достапни на порталот:
👉 agrishift.milieukontakt.mk

Отворете „Погледнете детали“ кај избраниот повик, прочитајте ја документацијата и кликнете „Аплицирај“. Креирајте профил или најавете се, пополнете ги основните податоци и прикачете ги задолжителните документи.

За прашања: info@mkm.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *