Тркалезна маса: Концесии за риболов во заштитени подрачја – предизвици и можни решенија

Тркалезна маса: Концесии за риболов во заштитени подрачја – предизвици и можни решенија
11 ноември 2026 година | Ресурсен центар, Скопје
Милиеуконтакт Македонија организира тркалезна маса посветена на управувањето со рибните ресурси и доделувањето концесии за риболов во заштитените подрачја, со посебен осврт на Дојранското Езеро.
Целта на настанот е да се разгледаат предизвиците во постојниот систем на концесии, усогласеноста со режимите на заштита на природата и улогата на управувачите со заштитените подрачја во планирањето, доделувањето и контролата на концесиите.
На тркалезната маса ќе бидат поканети претставници на заштитените подрачја, надлежните институции и стручната јавност, со цел размена на искуства и формулирање препораки за поодржлив и поефикасен модел на управување со рибните ресурси.
Настанот се организира во рамките на проектот за заштита и одржливо управување со Споменикот на природата „Дојранско Езеро“, кој го спроведува Милиеуконтакт Македонија со поддршка на CEPF.