
Работилници за граѓанско учество и заштита на животната средина
Граѓаните се клучниот двигател на промените — а заштитата на животната средина започнува токму со информирано и активно учество.
Како граѓани, сите имаме право да бидеме вклучени кога се носат одлуки што директно влијаат врз нашето здравје, природата и квалитетот на живот. Токму затоа, Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт Македонија (МКМ), во партнерство со Македонското здружение на млади правници (МЗМП), Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) и ФЛОРОЗОН – Центар за еколошка демократија, го спроведува проектот „Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната средина“, поддржан од Expertise France.
Во рамки на проектот, МКМ и МЗМП ќе организираат серија работилници за зајакнување на локалните заедници, наменети за граѓани, младински организации, граѓански здруженија и сите заинтересирани кои сакаат подобро да се информираат и активно да придонесат кон решавање на еколошките предизвици во својата средина.
Преку интерактивни дискусии и практични примери, учесниците ќе имаат можност да научат:
- како да учествуваат во јавни расправи и консултации,
- кои се нивните права во областа на животната средина,
- како да поднесуваат иницијативи, претставки и жалби,
- како локално да се организираат и делуваат за заштита на животната средина.
Работилниците ќе обработуваат реални ситуации поврзани со:
- постапки за проценка на влијанието врз животната средина,
- урбанистичко планирање,
- загадувачки инсталации,
- како и други актуелни еколошки проблеми со кои се соочуваат локалните заедници.
Планирани термини за одржување на работилниците:
• 4 јуни – Штип
Правен факултет (стар Ректорат)
https://maps.app.goo.gl/hidVHSLB2iRFBpC87
• 9 јуни – Велес
Хотел Гардениа
https://maps.app.goo.gl/T4WUJeqAAj3PnjUT7
• 18 јуни – Охрид
• 25 јуни – Струмица
Дополнителни информации за агендата, локацијата и точниот термин ќе бидат објавени наскоро.
Доколку сакате да учествувате, испратете:
- име и презиме,
- организација (доколку сте дел од организација),
- е-mail адреса,
- и назнака на која работилница сакате да присуствувате,
на: info(аt)mkm.mk
Патните трошоци за учесниците се покриени.
Проектот има за цел да ги охрабри и поддржи граѓаните поактивно да се вклучат во процесите на донесување одлуки поврзани со животната средина, како и подобро да ги користат правните механизми за заштита на своите права.