Во период од 01.02.2023 до 31.09.2023 година ќе се спроведуваат активности од проектот „Промоција на знаење и лекции од проекти и проектни активности на ГЕФ ПМГ“.
Целта на спроведување на овој проект е да се промовираат и да се доближат до жителите на нашата држава импозантните резултати и успешни приказни на веќе реализираните проекти на Програмата за Мали Грантови на Глобалниот Еколошки Фонд.
Промоцијата се однесува на реализирани активности и проекти кои што директно придонесуваат кон намалување на количините на отпад во државата и работат на зајакнување на економската состојба на луѓето и заедниците на локално ниво.
За сите активности или дополнителни информации следете не на нашите официјални профили на социјалните медиуми:
ФБ: https://www.facebook.com/milieukontakt.mk
Линкдин: https://www.linkedin.com/company/milieukontaktmacedonia/