Милиеуконтакт Македонија објавува повик за избор на експерт(к)а за изработка на Прирачник (Toolkit) за граѓанско учество во областа на животната средина.
Ангажираниот/ата експерт(к)а ќе подготви практичен прирачник (до 20 стр.) со чекор-по-чекор насоки за: ✔ пристап до информации ✔ учество во јавни консултации ✔ користење правни механизми и пристап до правда
Ангажман: 20 работни дена (09.03 – 06.04.2026) 📅 Рок за аплицирање: 05.03.2026 до 10:00 часот 📩 Апликации на: info@mkm.mk (со назнака „Експерт/ка за изработка на Прирачникот за граѓанско/јавно учество во областа на животна средина“)
Повикот се спроведува во рамки на проектот „Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната средина“, поддржан од Expertise France.