DSC_1225Денес, 13. ноември, 2015 година,  на детското игралиште во центарот на Општина Маврово Ростуша, во рамки на Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени, Милиеуконтакт Македонија, продолжи со спроведување на кампањата за подигнување на јавната свест за климатските промени.  Водител на настанот беше г-дин Жарко Димитриоски, од емисијата ” Еден Нa Еден. Комбинирајќи елементи на едукација и забава, водителот ја поттикна младата публика да преземе активна улога во лекциите и игрите поврзани со темата на климатските промени, како и ги поканија во зелениот камион – уникатната еколошка училница на тркала во рамки на оваа кампања. Пораката на кампањата е: климатските промени и уништувањето на животната средина во голема мера се резултат на човековото однесување и затоа преку нашите индивидуални напори, сите ние можеме да ги намалиме глобалните закани од климатските промени и со тоа да им помогнеме на нашите локални заедници. На настанот беа присутни учениците од општинското ОУ Ѓорѓи Пулевски, како и од средното општинско училиште Маврово Ростуша. Градоначалникот на општина Маврово Ростуша, г-дин Мукрем Мехмеди беше, исто така, присутен на настанот во Маврово Ростуша и придонесе за популаризација на кампањата меѓу локалното население.  Настанот беше проследен од локални и регионални медиуми.

 

SHARE