Tuesday, October 22, 2019

Јакнење на локалните бизниси за предзвиците на глобалните пазари

Проектот „Јакнење на локалните бизниси за предзвиците на глобалните пазари“ е финансиран од страна на Европската Унија, Централно финансирање и склучување на договори (ЦФСД), Министерство за финансии на Република Северна Македонија, а имплементиран од страна на Милиеуконтакт Македонија и CEIPIEMONTE S.c.p.a, Torino, Италија.
Главната цел на проектот е да зголеми конкурентноста на националната економија преку подобрени капацитети на клучните чинители за развивање заеднички активности за искористување на расположливите фондови на ЕУ.
Во рамки на овој проект се работеше на градење на капицетите на 10 мали и средни претпријатија од Република Северна Македонија, во однос на искористување на расположивите фондови на ЕУ, практична примена на стекнатите знаења и подигнување на свеста за подобрување на разбирањето на нивната улога и можностите за зајакнување на конкурентноста на земјата.

  1. Портфолио

Фармахем е приватна компанија за трговија и консалтинг основана во октомври 1990 година. Фармахем е официјален претставник и дистрибутер на повеќе од 30 светски реномирани компании. Главните активности на компанијата се трговијата со лабораториска опрема и консултантски услуги за животна средина.

Делот за трговија се состои од три одделенија: одделение за инструменти и опрема, одделение за дијагностика и лекови и одделение за адитиви и реагенси.

Покрај трговските одделенија, Фармахем нуди комплетни консултантски услуги од областа на заштитата на животната средина преку Одделението за консултантски услуги во областа на животната средина во склоп на кое работи Лабораторијата за животна средина, акредитирана во 2010 година од страна на Институтот за акредитација на Р. Македонија според стандардот ISO 17025:2005. Одделот за консултантски услуги за животна средина на Фармахем во моментов ја координира втората фаза на Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), со намера да помогне на Р. Македонија во зачувувањето на извонредниот биодиверзитет и природни екосистеми преку промоција на нивната одржлива употреба и управување.

 

  1. Интерес за вклученост на проектот

Заштита на животната средина, општествена одговорност, грижа за здравјето на луѓето, градење партнерски односи со добавувачите, грижа за задоволството и мотивираноста на вработените се дел од долгорочните цели и наш мотив за понатамошно проширување на делокругот на работење. Овој проект ќе овозможи проширување на знаењата и помош при развивање на заеднички активности и проектни апликации за искористување на расположивите фондови кои ги нуди ЕУ, но и да помогнеме на другите мали и средни претпријатија во изработката на апликациите за подобро искористување на средствата кои ги нудат европските фондови.

 

  1. Очекувања/ идни планови за развој

Помоштa при развивање на заеднички активности и проектни апликации за искористување на расположивите фондови на ЕУ која ја нуди Милиеуконтакт Македонија, ќе ни овозможи да ги прошириме своите знаења, но и да помогнеме на другите мали и средни претпријатија во изработката на апликациите за подобро искористување на средствата кои ги нудат европските фондови. По реализација на проектот, очекувавме успешна проектна апликација, проширување на делокругот на нашето работење во ново подрачје поврзано со животната средина, остварување на контакти со Италијанските МСП и потенцијална долгорочна соработка со нив во област на животна средина.

Назив на субјектот:

Друштво за промет и консалтинг ФАРМАХЕМ ДООЕЛ Скопје

Адреса на субјектот:

Ул. Кичевска бр.1, Општина Ѓорче Петров, 1000 Скопје

Телефон:

+389 2 2031 193

Веб страна:

Е-маил адреса:

farmahem@farmahem.com.mk

Број на вработени:

46 постојано вработени

 

    1. Портфолио

    АЦТ! е македонско консултантско друштво основано во мај 2008 година. Активностите на АЦТ! се насочени кон поддршка на развојот на јавниот и приватниот сектор во Република Македонија и регионот, преку давање на консултантски услуги во областа на правото и управувањето со проекти.

    АЦТ! гo фокусира своето работење и ресурси во следниве четири области:

    – Промена (Re-engineering) на процедурите во јавниот сектор

    – Помош на приватниот сектор

    – Управување со проекти (360° Project management)

    – Едукација и издаваштво

    1. Интерес за вклученост на проектот

    Компанијата има искуство во имплементација на проекти како подизведувачи и аутсорсинг партнери на други поголеми консултантски фирми, па смета дека овој проект и учеството во него ќе биде од особена корист за нивното идно работење, односно зајакнување на нивните капацитети за аплицирање на други програми за финансирање на ЕУ. Учеството во овој проект ќе придонесе за практична примена на стекнатите знаења во насока на развој на идни проектни апликации.

    1. Очекувања/ идни планови за развој

    Стекнување вештини и знаења за иден развој на компанијата, вмрежување, видливост на компанијата и помош за меѓународни ангажмани.

     

Назив на субјектот:

Друштво за консултантски услуги АЦТ! ДОО Скопје

Адреса на субјектот:

Ул. Адолф Циборовски, бр.13-А, Општина Центар, 1000 Скопје

Телефон:

+389 2 3224 131

Веб страна:

Е-маил адреса:

info@act.com.mk

Број на вработени:

17 постојано вработени

 

  1. Портфолио

ОВЕРНЕТ ДМД ДОО е компанија која водена од принципите на иновативност, квалитет и грижа за животната средина, ги задоволува потребите на пазарот/клиентите во три области: проектирање, инсталација и одржување на мрежи (бакарни, оптички и безжични); набавка и продажба на активна и пасивна опрема како и обука на стручен технички персонал за имплементација на телекомуникациски мрежни решенија.

2. Интерес за вклученост на проектот

Визијата на компанијата е да бидат водечка алка во одржливиот развој на нашето општество преку иновација, едукација и постојан раст. Мотивот за учество во проектот е да стекнат познавања и вештини за изработка на проекти кои ќе им овозможат пристап до фондовите на ЕУ. Нивните интереси се насочени кон програмите наменети за дополнителна едукација и специјализација на работна сила, развој на инфраструктурата за широкопојасен оптички пристап како и на можноста за производство на одредени составни делови за имплементација на мрежни решенија согласно стандардите за структурно каблирање.

3. Очекувања/ идни планови за развој

Осовременување на производствен процес и набавка на машини

Воспоставување на тренинг центар за вработените

Регионален комуникациски развој

Стекнување на знаење за начинот и функционирањето на програмите, полесна детекција, основни параметри за пишување на апликација, партнери за заеднички проекти.

Назив на субјектот:

Друштво за трговија и услуги ОВЕРНЕТ ДМД ДОО Скопје

Адреса на субјектот:

Ул.Мите Богоевски бр.83б, 1000 Скопје

Телефон:

+389 2 3217 799

Веб страна:

Е-маил адреса:

contact@overnet.com.mk

Број на вработени:

27 постојано вработени

 

Основна мисија на Месната индустрија БИЛЈАНОВИ е преку пласман на производи со врвен квалитет да се задоволат преференциите на потрошувачите.

Основна визија е брендот БИЛЈАНОВИ да стане пошта препознатлив по врвниот квалитет на месните производи.

  1. Портфолио

Месната индустрија БИЛЈАНОВИ ДОО е основана во 2012 година од семејството со најстара месарска традиција во Струга започната од Коста Билјан во втората половина на XIX век.

Основна дејност на Месната индустрија Билјанови е преработка и конзервирање на месо, односно производство на полутрајни и свежи меснати производи. Во производната програма на Месната индустрија БИЛЈАНОВИ има преку 50 производи, како чадени месни производи, барени колбаси, виршли, салами, како и свежи и маринирани месни производи, од свинско, јунешко и пилешко месо. Во состав на месната индустрија е и Месарата БИЛЈАН, во која покрај готовите производи, се продава и свежо месо.

  1. Интерес за вклученост во проектот

Предностите кои ги нудат овие обуки би биле од исклучителна важност за градење капацитетите и вештините на вработените. Аплицирањето и имплементирањето на резултатите од меѓународните ЕУ проекти позитивно влијаат не само за вклученоста на поедини компании, но и за вклученоста на македонската бизнис заедница, воопшто во европските текови и настани. Значаен предизвик за учество во проектот е и големото искуство и подготвеноста на партнерот во проектот CEIPIEMONTE S.C.P.A – Торино, Италија да организира размена на искуства и склучување на партнерства помеѓу македонски и италијански компании. Имајќи во предвид дека Италија е земја со високо развиена месна индустрија, воспоставувањето на контакт со италијанска компанија за размена на know-how е од особено значење.

  1. Очекувања/Идни планови за развој

Месната индустрија БИЛЈАНОВИ планира во наредниот период да ја интензивира својата проектна активност во насока на модернизација и воведување на нови производи.

Назив на субјектот:

Друштво за производство, тргвија и услуги, БИЛЈАНОВИ ДОО увоз-извоз, с.Мислешево, Струга

Адреса на субјектот:

Ул. „Браќа Миладиновци“ бр. 855, с. Мислешево, 6330, Струга

Телефон:

+389 46 701 999

Веб страна:

Е-маил адреса:

Број на вработени:

22 постојано вработени

 

  1. Портфолио

Еко Солар е компанија која има 20 годишно искуство во примената на соларната енергија. Активности кои ги практикува од областа на соларната техника се:

– Производство на термални соларни колектори (за свои потреби)

– Сервис и монтажа на соларни термални системи

– Овластен сервисер на бојлери

– Монтажа на фотоволтаични системи

– Продажба на опрема за термални и фотоволтаични системи

– Овластен дистрибутаер на диференцијални термостати на фирмата СТИЕЛ од Бугарија

– Производство на соларни сушари за овошје и зеленчук.

– Изработка на едукативна опрема за употреба на сончева енергија, наменета за основни и средни училишта

– Обука за соларни монтажери според програма на Занетчиска комора од Кобленц – Германија

Еко Солар работат на развој на нов производ- воздушен соларен колектор. Со него се догрева воздухот во просториите и се врши негово филтрирањe. Со овој нов производ ќе се намали аерозагадувањето, а нема да се отстранува постоечкиот систем на греење. Воздушниот сончев систем ќе го догрева просторот во сончеви денови. Преку новиот производ, се нуди решение за предзагревање во домаќинствата, индустриските погони, спортски сали, ходници, галерии, музеи, подруми, магацини, гражи, затворени базени, со обновлива енергија. Се намалува и појавата на мувла во слабо проветрените простории и се спречува внесување на загаден воздух од надворешната околина во внатрешните простори. Оваа идеја е во фаза на теститање и патентирање.

  1. Интерес за вклученост на проектот

Овој проект нуди зајакнување на капацитетите на МСП во делот на достапни ЕУ програми, повици за аплицирање на проекти и подготовка на проектни апликации. Партнерство за истражување и развој на 2 иновативни производи – воздушен соларен колектор и соларни сушари за овошје и зеленчук. Барање партнер за ERASMUS K2 проект.

  1. Очекувања/ идни планови за развој

Очекувањата се насочени кон стекнување на знаења, добивање на информации и помош околу:

– Поднесување заедничка апликација за предлог проект Horizon 2020 (фаза1) на тема контролиран процес на сушење на земјоделски производи со соларна енергија. (Дизајнирање на сушара, контрола на квалитет на сушени производи)

-Поднесување на заедничка апликација за заеднички предлог проект ERASMUS K2 на тема размена на практични искуства за примена на соларна енергија.

Назив на субјектот:

Друштво за производство, трговија и услуги ЕКОСОЛАР ДООЕЛ Штип

Адреса на субјектот:

Стар Караорман бб, 2000 Штип

Телефон:

+389 32 606 983

Веб страна:

Е-маил адреса:

z.trajkov@gmail.com

Број на вработени:

4 постојано вработени

 

  1. Портфолио

Во 1994 година е основана компанијата ОРБЕЛА чија приоритетна дејност е пилење и стружење на дрво и истата главно се занимава со производство на дрвени елементи и палети за пакување и транспорт. Во 2001 година започнува трговија, извоз на дрвени елементи во Италија и со истиот партнер соработува до денес. Во 2007 година компанијата отвара сопствено производство во Берово (сечење и стружење на дрво) за производство на граѓа за дрвени елементи, главно за палети. Во 2013 година ОРБЕЛА почна со дејности – помошни услуги во шумарството како што се сечење, вадење и транспорт на дрвени суровински материјали, за што отвара уште една подружница во Берово, а набавува и свои возила за транспорт на дрво и елементи од дрво. Од 2017 година компанијата инсталираше и линија за производство на дрвени пелети, со капацитет од 200kg на час, за кое што производство како суровина се користи дрвениот отпад од сопствената преработка на дрвото, а се откупува отпад и од други преработувачи на дрво од Берово и околината. Од крајот на 2017 година е започната трговија со дрвени елементи за палети со уште еден клиент во Италија.

  1. Интерес за вклученост на проектот

Проектот нуди одлична можност за напредување, стекнување на нови знаења и искуства, пронаоѓање на фирми со исти или слични интереси.

  1. Очекувања/ идни планови за развој

Краткорочни цели на компанијата:

– Усовршување на производствената линија за пелети и постојано производство на истите

– Проширување на палетата на производи и насочување кон производи со повисока додадена вредност

– Добивање на FSC меѓународен сертификат (процедурата е во тек);

Долгорочни цели на компанијата:

– Зголемување на производството на компанијата за 50% во наредните 5 години;

– Целосно ориентирање на трговија кон странските пазари;

– Преместување на целосното производство во Кочани, во сопствен објект изграден за таа намена;

Назив на субјектот:

Друштво за производство, трговија и услуги ОРБЕЛА Кирил ДООЕЛ увоз-извоз

Адреса на субјектот:

Ул. „Роза Петрова“, бр.2-1-1/2, 2300 Кочани

Телефон:

+389 33 273 001

Веб страна:

Е-маил адреса:

orbela@orbela.mk

Број на вработени:

8 постојано вработени

 

  1. Портфолио

ПОСТОЛОВИ ШПЕДИЦИЈА И КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ е новооснована клиентски ориентирана фирма, специјализирана во областа на царинското посредување и консалтинг за спроведување на програмите за усогласеност со царинските прописи.

За своите клиенти ги нудат следните услуги:

– Царинско посредување

– Увозно и извозно царинење на стоки

– Услуги за локално царинење на стока

– Реекспорт

– Обезбедување на сите дозволи за увоз, извоз и транзит преку ЕХИМ системот

– Организирање на транспорт

– Консалтинг

– Царинска Вредност

– Тарифирање

– Потекло на стока

– Царинска усогласеност

– Царински Одобренија

– Обуки од областа на шпедитерското работење

 

  1. Интерес за вклученост на проектот

Главна цел на Постолови шпедиција и консалтинг ДООЕЛ да стане дел од проектот е подобрување на конкурентноста на национално ниво преку користење на искуствата од тимот на тренерите и експертите кои ќе работат на истиот.

Очекуваат да добијат информации дали и како можат да добијат средства за финансирање на нивниот  развој.

Од друга страна како фирма која се занимава со царинско посредување, консалтинг во областа на царината и царинското работење како на национално, така и на меѓународно ниво се надеваат дека ќе допринесат во делот на размена на искуства на царинските и нецаринските мерки кои се клучни за непречено спроведување на увозно-извозните формалности помеѓу Република Македонија и Италија.

 

  1. Очекувања/ идни планови за развој

Очекувањата од проектот се нудење на нови меѓународни услуги во областа, проширување на работните простории и основање на погранични подружници. Исто така очекуваат стекнување на стратешки партнерства за учество на ЕУ програми, меѓународна соработка во областа на шпедитерски услуги.

Назив на субјектот:

Друштво за промет и услуги ПОСТОЛОВИ ШПЕДИЦИЈА И КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје

 

Адреса на субјектот:

Ул. Фрањо Клуз 6/4, 1000 Скопје

Телефон:

+389 2 2567 506

Веб страна:

Е-маил адреса:

Број на вработени:

4 постојано вработени

 

  1. Портфолио

Станува збор за модерна стоматолошка ординација, со високо стручен и посветен кадар, каде се персонализира третманот на пациентите за да одговара на нивните потреби и желби. Примарната цел ни е сеопфатна грижа за оралното здравје и естетските потреби, како важен сегмент за здрав животен стил. Користат напредни процедури во сите стоматолошки гранки, а знаењето и вештините постојано ги усовршуваат со што пациентите добиваат адекватна услуга:

– Превентивни мерки

– Естетски композитни пломби

– Ендодонтски третмани

– Орално хируршки интервенции

– Ортодонтска терапија

– Третман на пародонтопатија

– Белеење на заби

– Високо естетски и функционални протетски реставрации.

 

  1. Интерес за вклученост на проектот

Компанијата се стреми кон технолошко унапредување на процедурите, што подразбира набавка на најсовремена апаратура и инструментариум, како и континуирано научно унапредување –  на курсеви, семинари и симпозиуми, организирани од водечките стоматолошки брендови во светот, и следење на принципите за работа на еминентни признати светски имиња од струката. Овој проект ќе им овозможи на вработените да ги зајакнат капацитетите за достапните ЕУ фондови, начините на аплицирање и искористување на средствата за нивите потреби.

 

  1. Очекувања/ идни планови за развој

Опремување на ординацијата со нови апарати и машини за вршење на дејноста, проширување на просторот и капацитетите, отварање на нови работни места, подобрување на квалиетот на услуги. Исто така очекуваат подобрување на ефикасност во работењето, проширување на услуги, нови партнерства, отварање на нови пазари, стекнување со нови технологии и др.

Назив на субјектот:

Приватна здравствена установа-ординација по општа стоматологија ДЕЦЕСТУДИО Скопје

 

Адреса на субјектот:

Ул. Невена Георгиева-Дуња бр. 10, 1000 Скопје

Телефон:

+389 78 456 031

Веб страна:

Е-маил адреса:

dentalcosmeticstudio@gmail.com

Број на вработени:

3 постојано вработени

 

  1. Портфолио

ВИСЕН ШУЛЕ е специјализиран центар за странски јазици и преводи, основан од група искусни професори и преведувачи по странски јазици.

Локацијата се наоѓа во центарот на Скопје (Дебар Маало) и располага со неколку простории кои нудат пријатна и релаксирана работна атмосфера, како и современи услови за работа, аудио-визуелни и технички помагала, компјутери и пристап до интернет во секое време, но исто така на располагање има и сопствена библиотека, со голем избор на стручна литература, наставна методологија, белетристика и сл.

Во центарот се нудат курсеви по германски и англиски јазик за сите возрасти, индивидуална и групна настава, при што се работи во мали групи од 4-7 слушатели за поголема продуктивност и ефикасност кои се според европска референтна рамка, како и дополнителна настава по училишна програма. Исто така се нудат и специјализирани курсеви во областа на бизнис, медицина и туризам. Се врши подготовка за меѓународните испити по англиски јазик (FCE, TOEFL, IELTS, BULATS, APTIS), како и подготовка на меѓунароодни испити по германски јазик (TestDaF, Zertifikat Deutsch, Goethe Zertifikat, Telc, Start Deutsch, DSD, ÖSD).

  1. Интерес за вклученост на проектот

Центарот за странски јазици ВИСЕН ШУЛЕ се стреми кон усовршување на вештините и напредокот во полето на искористување на фондовите и ЕУ проектите.

Центарот организира обуки и тренинзи со претставници од невладини организации, но сепак имаат потреба од поддршка и обуки за градење на капацитети, размена на мислење и практики, работилници што ги нудат програмите на ЕУ фондовите, што би го добиле со учеството на овој проект.

  1. Очекувања/ идни планови за развој

Очекувањата од реализација на овој проект се да бидат поконкурентни на пазар со помош на реализирани проекти, познавања од ЕУ проекти, успешно развивање на апликација.

Назив на субјектот:

Друштво за изучување на странски јазици и преведувачки дејности ВИСЕН ШУЛЕ ДООЕЛ Скопје

Адреса на субјектот:

ул. Људевит Гај бр. 6/9, 1000 Скопје

Телефон:

+389 76 569 169

Веб страна:

Е-маил адреса:

Број на вработени:

2 постојано вработени

 

  1. Портфолио

Neting School е високо квалификувано стручно училиште за обезбедување на курсеви и обука во Македонија, која е лиценцирана и сертифицирана за меѓународни дипломи. Neting School нуди курсеви по: Англиски јазик (на сите нивоа), Германски јазик (на сите нивоа), Албански јазик, Италијански јазик, Македонски јазик, Компјутерски науки (ИТ Основи, Веб Дизајн, Веб програмирање), Математика.

Училишните услуги се поделени на: курсеви за деца, курсеви за студенти, курсеви за возрасни и курсеви за други лични потреби. Курсевите се одржуваат во просториите на центарот кој содржи: училница за 12 студенти, училница за интензивни групи, училница за индивидуални курсеви, кабинет за информатичка технологија, мини библиотека (каде курсистите можат да користат соодветни книги и литература), чекална (место за чекање, пауза и кафе) и канцеларија на менаџерот.

 

  1. Интерес за вклученост на проектот

Интересот за учество на овој проект го гледаат во стекнување на знаење и трансфер на истото на нивните вработени, со цел учество во различни проекти и развивање на проектни концепти за достапните ЕУ програми.

 

  1. Очекувања/ идни планови за развој

Проширување на простории, воведување на нови курсеви и вработување на нови лица.

Зајакнување на капацитетите на кадарот преку стекнатите обуки и развивање на квалитетни апликации за проекти.

Назив на субјектот:

Друштво за производство,трговија и услуги НЕТИНГ ДООЕЛ увоз-извоз Тетово

Адреса на субјектот:

Ул.Илинденска 18/а, 1200 Тетово

Телефон:

+389 44 331 322

Веб страна:

Е-маил адреса:

school@neting.mk

Број на вработени:

4 постојано вработени