Да се биде еколог значи доживотно учење, и затоа е толку интересно! За да биде ефективно, еколошкото движење бара одреден сет на вештини кои не се учат лесно на училиште или на универзитет. еколозите треба да знаат за широк опсег на теми опфатени во рамките на терминот „животна средина“. Енергијата, климатските промени, отпадот, управувањето со водите, канализацијата, хемикалиите и земјоделството се некои од прашањата со сосема поинаков контекст. Мораме да бидеме во тек со случувањата во научните и политичките кругови. овие денови се работи за климатските промени и за тоа што тие ќе донесат или нема во иднина. Ние мора да го одржуваме нашето знаење ажурирано за да бидеме партнери со владите и другите засегнати страни. покрај ова знаење за глобалните прашања, ние мора да знаеме што се случува во нашата земја, регион, град или село за да бидеме ефективни во нашите активности. Тоа значи дека ние постојано учиме и го прилагодуваме научното знаење на сопствената секојдневна работа. Мораме да можеме да го преточиме ова знаење во политика и акција. Комуникациските вештини се од суштинско значење, како и правната експертиза и преговарачките вештини. Понекогаш мораме да одиме на суд или да преговараме ако не можеме да ги постигнеме нашите цели на друг начин. Има многу, многу други области во кои еколозите треба да се обучат за да бидат ефективни, како што е да се биде добар менаџер, планер, водач на проектот, професионалец и да се знае како да се финансира целата работа. Сето ова се причините зошто „градењето капацитети“ е еден од трите главни столбови на работата на МКМ.