МИЛИЕУКОНТАКТ МАКЕДОНИЈА

ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

МКМ е непрофитна, граѓанска организација, која поддржува иницијативи на граѓански организации (ГО) за животна средина, природа и одржлив развој.
Таа е формирана во 2012 година по 12 години успешна имплементација на програмите на Milieukontakt International во Македонија.
Нашата визија е да помогнеме во создавањето силно, видливо, професионално, самоодржливо еколошко движење на ГО, засновано на принципите на демократија и отвореност . Ова значи движење кое е многу видливо во општеството, способно да ја подигне јавната свест и способно да игра важна улога во процесите на политики и донесување одлуки, на локално, национално и меѓународно ниво.

НАШАТА МИСИЈА И ПРИСТАП

МКМ иницира партнерства за подобрување на квалитетот на животот преку зајакнување на учеството на луѓето во развојот на еколошки одржливи општества. Соработува со меѓународни партнери, бидејќи еколошките проблеми не застануваат на границите. Многу од актуелните еколошки предизвици се ширум светот. Локално, луѓето можат да добијат поддршка и да учат од искуствата на другите кои работат на истите проблеми во другите делови на светот. МКМ поврзува луѓе, организации и мрежи кои се справуваат со истите предизвици и сакаат да соработуваат за да го подобрат учеството на луѓето во дефинирањето на сопствената иднина. МКМ им обезбедува на луѓето средства и вештини да ги искористат можностите за учество, вклучително обука, совети, помош и финансирање. Бидејќи процесите на партиципативно одлучување се од суштинско значење во овие партнерства, МКМ се фокусира на дизајнирање и имплементација на алатки за партиципативно учење, донесување одлуки и имплементација на проекти.

НАШИТЕ СИЛНИ СТРАНИ

ОБЛАСТИ НА ЕКСПЕРТИЗА

МЕЃУНАРОДНА МРЕЖА

Milieukontakt International е мрежа на организации, посветени експерти и обучувачи кои веруваат дека учеството на јавноста и вклучувањето на засегнатите страни се од суштинско значење за постигнување резултати во проектите за одржлив развој.

Фигурираме во 20 земји во Европа и Азија, поддржувајќи ги граѓаните да го подобрат квалитетот на нивниот живот преку принципите на одржливост:

(1) Здрава средина

(2) социјална правда

(3) економски просперитет

Нашиот тим

Maja Markoska

Маја Маркоска

Извршен Директор

    maja@mkm.mk

    Irina Glavinceska

    Ирина Главинческа

    Финансии и администрација

      irina@mkm.mk

      Aleksandra Karakashova Sachkarska

      Александра Каракашова Сачкарска

      Координатор на проекти

      aleksandra.s@mkm.mk

      Радмила Митрановиќ.

      Радмила Митрановиќ.