На 29.05.2019 година, во хотел Double Tree Hilton, Торино се одржа B2B настан, на кој присуствува претставници од 10 мали и средни претпријатија од Република Северна Македонија кои се дел од проектот „Јакнење на локалните бизниси за предзвиците на глобалните пазари“ и претставници од околу 20 мали и средни претпријатија од регионот Пиемонте од Италија.

B2B настанот започна со претставување на проектот „Јакнење на локалните бизниси за предзвиците на глобалните пазари“, кој е имплементиран од страна на Милеиуконтакт Македонија и Ceipiemonte S.C.P. A Piemonte Agency од Торино, Италија.

Малите и средните претпријатија кои се дел од проектот (Еко Солар Штип, Фармахем Скопје, Постолови Скопје, Билјанови Струга, ДеЦе Студио Скопје, ACT! Скопје, Овернет ДМД, Нетинг Тетово, Висен Шуле Скопје) кои потекнуваат од различни сектори, ги презентираа своите компании, нивните услуги кои тие ги обезбедуваат за своите клиенти, но и дадоа свои предлози и можности за соработка со малите и средните претпријатија од Торино.

После презентациите на Македонските мали и средни претпријатија, претставниците од компаниите од Италија ги претставија своите компании, и можностите за соработка со компаниите од Република Северна Македонија. На овој настан беа присутни компании од мали и средни претпријатија од Торино (Farmen Istea, Simex Italia, 4Usolution s.r.l., Xenialab, Regola, Altairconsortum, ISES Torino, Eusider, Techo-coat, G2 misuratori, Graziadio, Utensiltempra, RVS Soleodinamica, Euroservizionline, Sintol, Ghiggia, CSI Piemonte, Giesselogistics, Easyfor, Eps-group)

Во претходните денови претставниците од малите и средни претпријатија од Република Северна Македонија имаа можност да слушнат многу успешни приказни од претставници на компании кои се членки на Ceipiemonte S.C.P. A Piemonte Agency од Торино, Италија. Најпрвин се запознаа со претставниците на секторите од Ceipiemonte S.C.P. A Piemonte Agency од Торино, Италија (Секторот за соработка со странски пазари, Секторот за развој на бизниси и организирање на настани, Секторот за креирање и развој на обуки), потоа имаа можност да ги слушнат искуствата од Confindustria Piemonte и од Меѓународниот тренинг центар. Мошне интересни и корисни беа да се слушнат успешните бизнис приказни за учество во проекти и тендери од страна на Assortis, потоа Ermes Security иновативни решенија и основање на еколошки парк – научен и технолошки парк за животна средина.

Претставниците на МСП имаа можност да се сретнат и со Стопанската Комора во Торино, каде што ги претставија своите компании и можностите за соработка во идни проекети. Исто така команиите имаа можност да се сретнат и со претставници од Универзитетот во Торино.

B2B настанот се одржа во рамки на проектот „Јакнење на локалните бизниси за предзвиците на глобалните пазари“. Проектот го спроведува Милиеуконтакт Македонија во партнерство со Centro Estero per l’Internazionalizzazione S.c.p.a. CEIPIEMONTE S.c.p.a, Torino, Италија. Проектот е дел од Националната програма за помош при транзиција и градење на институциите (ТАИБ) за 2013 година, Инструмент за пред пристапна помош, Компонента 1 (IPA I) финансиран од страна на Министерство за финансии на Р.Македонија, Централно финансирање и склучување на договори (ЦФСД).

SHARE