На 21.05.2019 (вторник), со почеток во 10:00, во хотел Арка, Скопје , се одржа бизнис форум со цел олеснување на понатамошната соработка помеѓу релевантните чинители (мали и средни претпријатија, стопански комори, јавни и образовни институции, здруженија на граѓани) за заеднички настап и учество во активности за подобрување на конкурентоста на национално ниво, на дологорочен план. Овој настан се одржа во рамки на проектот Јакнење на локалните бизниси за предзвиците на глобалните пазари“.

Проектот е финансиран од Европската Унија, а се спроведува од страна на Милиеуконтакт Македонија, во партнерство со CEIPIEMONTE S.c.p.a. Торино, во времетрање од 18 месеци (15 декември 2017 – 15 јуни 2019 год).

Проектот има за цел зголемување на конкурентноста на националната економија преку подобрени капацитети на клучните чинители за развивање заеднички активности за искористување на расположливите фондови на ЕУ.

Овој бизнис форум даде посебен акцент на истражувачките и развојните аспекти на процесот на развој на конкурентоста и воедно развојот на националата економија, преку зголемување на претприемачкиот и иновативниот капацитет на МСП.

Темите на бизнис форумот беа следните: Создавање на услови за поттикнување на инвестициите и инвестирање во постоечките мали и средни претпријатија; Можности за раст и развој на мали и средни претпријатија; Поттикнување на економската конкурентност на Република Северна Македонија преку зголемување на претприемачкиот и иновативниот капацитет на МСП.

Бизнис форумот го отвори координаторот на проектот Александра Каракашова Сачкарска, а свои говори и излагања имаа претставници од Фондот за иновации и технолошки развој, Стопанска комора на Северо-западна Македонија, Бизнис конфедерација на Македонија, Таргет груп Скопје, Машински Факултет Скопје, Универзитетот ФОН, Универзитетот на Југоисточна Европа и претставниците на малите и средните претпријатија кои беа вклучени во реализирањето на проектот.

Медиуми:

SHARE