На 20.12.2018 (четврток), со почеток во 11:30, во просториите на Стопанската Комора на Република Македонија (ул. Димитрие Чуповски, бр.13, Скопје), се одржа тркалезна маса  која имаше за цел да развие дискусија за соработката и интеракцијата меѓу МСП, здруженијата на граѓани и универзитетите од една страна и јавните институции од друга страна.

Овој настан се одржува во рамки на проектот Јакнење на локалните бизниси за предзвиците на глобалните пазари“.

Проектот е финансиран од Националната програма за помош при транзиција и градење на институциите (ТАИБ) за 2013 година, Инструмент за претпристапна помош, Компонента 1 – Подобрување на капацитетите за иновации, како и истражувачките и развојните капацитети на МСП, соработка помеѓу здруженија, компании и универзитети и институти. Проектот се спроведува од страна на Милиеуконтакт Македонија, во партнерство со CEIPIEMONTE S.c.p.a. Торино, и е во времетрање од 18 месеци (15 декември 2017 – 15 јуни 2019 год).

Средбата ја отворија координаторот на проектот Александра Каракашова Сачкарска и Маја Марковска, Извршен Директор на Милиеуконтакт Македонија.

Свои говори на оваа тркалезна маса имаа претставници од Фондот за иновации и технолошки развој, Бизнис конфедерација на Македонија, Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија Универзитетот ФОН, Универзитет Американ Колеџ, Фондацијата за развој на мали и средни претприемништва, претставници на малите и средни претпријатија кои се директно вклучени во проектот.

На крај на настанот беше презентиран и предлог меморандум за соработка меѓу МСП, здруженијата на граѓани и универзитетите од една страна и јавните институции од друга страна.

Настанот имаше добра медиумска покриеност, погледнете повеќе на следните линкови:

https://sitel.com.mk/trkalezna-masa-vo-ramki-na-proektot-jaknenje-na-lokalnite-biznisi-za-predizvicite-na-globalnite

https://a1on.mk/archives/991785

https://a1on.mk/archives/991528

https://kanal5.com.mk/articles/359793/trkalezna-masa-vo-ramki-na-proektot-jaknenje-na-lokalnite-biznisi-za-predizvicite-na-globalnite-pazari

https://makpress.mk/Home/PostDetails?PostId=265015

https://plusinfo.mk/ќе-се-развива-соработка-меѓу-македонс/

https://mia.mk/2018/12/trkalezna-masa-za-akne-e-na-lokalnite-biznisi-za-predizvicite-na-globalnite-pazari/

https://vesti.mk/read/article/https%3A%2F%2Fopserver.mk%2Fbiznis%2Ftrkalezna-masa-vo-ramki-na-proektot-jaknenje-na-lokalnite-biznisi-za-predizvicite-na-globalnite-pazari%2F

https://24info.mk/тркалезна-маса-во-рамки-на-проектот/

https://vecer.press/тркалезна-маса-во-рамки-на-проектот/

SHARE