Милиеуконтакт Македонија во партнерство со CEIPIEMONTE S.c.p.a.

 Ве покануваат да учествувате на

тркалезна маса на тема:

„Како да се подобри соработката и интеракцијата меѓу развојните капацитети на МСП, здруженијата на граѓани и универзитетите од една страна и јавните институции од друга страна“

Тркалезната маса се организира во рамките на проектот: “Јакнење на локалните бизниси за предизвиците на глобалните пазари”

Настанот ќе се одржи во Стопанска Комора (ул. Димитрие Чуповски, бр.13, Скопје – https://goo.gl/maps/N2qnxH67arC2).

Почетокот на настанот е закажан во 11:00 часот, 20 Декември, 2018 година (четврток).

На овој настан ќе бидат презентирани активностите на проектот и нивната реализација, ќе бидат пренесени искуствата на МСП кои се вклучени во проектот и ќе се развие дискусија како да се изнајде начин за подобрување на соработката меѓу бизнисите, образовните институции и граѓанскиот сектор со јавните институции, а со цел подобрување на конкурентноста на Р.Македонија на светските пазари.

На крај на настанот ќе се презентира и предлог меморандум за соработка на сите засегнати страни што ќе биде споделен со сите присутни да може да го коментираат во своите институции и истиот да го потпишат.

Проектот е финансиран од Националната програма за помош при транзиција и градење на институциите (ТАИБ) за 2013 година, Инструмент за претпристапна помош, Компонента 1

Договорен орган: Централно финансирање и склучување на договори (ЦФСД),

Министерство за финансии на Република Македонија

Подобрување на капацитетите за иновации, како и истражувачките и развојните капацитети на МСП, соработка помеѓу здруженија, компании и универзитети и институти

Лице за контакт:

Александра Каракашова Сачкарска

Тел: 070 666 230

E-mail: aleksandra.s@mkm.mk

SHARE