Престојниот викенд од 23-25.11.2018, во Хотел UNIQUE, Охрид, ќе се одржи петнаесеттата годишна средба на здруженијата на граѓани кои работат на полето на животната средина и одржлив развој во Република Македонија.

Оваа година средбата се реализира во рамките на проектот „Градење на капацитетите на граѓанските организации за животна средина за зголемување на демократските процеси во Македонија“, финансиран од ЕУ во рамките на ИПА Фондот за граѓанско општество и медиумска програма 2016-2017.

Архуската конвенција и нејзината имплементација во Македонија ќе биде во фокусот на овогодинешната средба на здруженијата на граѓани кои работат во полето на животната средина и одржлив развој во Република Македонија.

На средбата планирана е работа во групи и дискусија помеѓу граѓанските организации на следните тематски (сектори) области: Отпад, Вода, Климатски Промени, Биодиверзитет, Воздух, Комуникација и информирање на јавност, ЕУ легислатива, ИСКЗ – ОВЖС.

Координативното тело за соработка помеѓу граѓанските организации и МЖСПП, и одговорните лица на работните групи ќе ја презентираат работата меѓу две средби и конкретните постигнувања и активности.

SHARE