Од 5-7 октомври, во хотел Гардениа СПА, Велес, се одржува четвртата заедничка обука за претставниците на мали и средни претпријатија кои се дел од проектот „Јакнење на локалните бизниси за предзвиците на глобалните пазари“.

Темата за оваа заедничка работилница произлезе од потребите на компаниите и е насловена: управување со проектен циклус.

Целта на четвртата заедничка работилница е зајакнување на капацитетите на претставниците на малите и средни претпријатија за раководење со проектен циклус (РПЦ), со посебен фокус кон поуспешно искористување на потенцијалните ЕУ фондови преку пишување и спроведување на проекти.

За време на оваа обука учесниците преку практична вежба и работа во групи ќе ги идентификуваат и ќе се запознаат со основните фази во еден бизнис проект, ќе бидат запознаени со модулите на проектната рамка и елементите на логичната рамка.

Следниот ден ќе биде посветен на примери за успешно изработени и реализирани проекти, како и индивидуална работа на конкретна проектна идеја.

Проектот го спроведува Милиеуконтакт Македонија во партнерство со Centro Estero per l’Internazionalizzazione S.c.p.a. CEIPIEMONTE S.c.p.a, Torino, Италија. Проектот е дел од Националната програма за помош при транзиција и градење на институциите (ТАИБ) за 2013 година, Инструмент за пред пристапна помош, Компонента 1 (IPA I) финансиран од страна на Министерство за финансии на Р.Македонија, Централно финансирање и склучување на договори (ЦФСД).

SHARE