Во рамки на проектот „Јакнење на локалните бизниси за предзвиците на глобалните пазари“,  Компонента 2: Зајакнување на капацитетите на избраните претставници на целните групи за искористување на програмите за финансирање на ЕУ, престојниот викенд од 14-16 септември 2018 година, во хотел Бистра, Маврово, ќе се одржи третиот заеднички тренинг за малите и средни ппретпријатија кои се дел од проектот.

Целта на третата заедничка работилница е зајакнување на капацитетите на претставниците на малите и средни претпријатија за развој и воспоставување партнерства, со посебен фокус кон поуспешно искористување на потенцијалните ЕУ фондови.

Покрај реализирање на заедничките обуки, паралелно се спроведува и прилагодена менторска програма за развивање на заеднички активности

Проектот го спроведува Милиеуконтакт Македонија во партнерство со Centro Estero per l’Internazionalizzazione S.c.p.a. CEIPIEMONTE S.c.p.a, Torino, Италија. Проектот е дел од Националната програма за помош при транзиција и градење на институциите (ТАИБ) за 2013 година, Инструмент за пред пристапна помош, Компонента 1 (IPA I) финансиран од страна на Министерство за финансии на Р.Македонија, Централно финансирање и склучување на договори (ЦФСД).

SHARE