На вториот ден од третата заедничка работилница „Партнерства за успешно финансирање преку ЕУ програмите“, која се одржа од 14-16 септември во хотел Бистра, Маврово, учесниците се запознаа со критериумите за партнерства во различни ЕУ програми, какви партнери треба да имаат компаниите за заеднички настап на проекти од ЕУ програми и начините за пронаоѓање на партнери.
Во попладневната сесија се запознаа со алатките за барање на партнери, преку практични вежби и работа во групи. Исто така беа запознаени со видови на мрежи и партнерства, видови на иновативни партнерства/мрежи, концептот на вмрежување и пристапите за анализа на мрежите во иновативните процеси, како и со терминот кластери и европската политика на кластери.
Денешниот (трет) ден ќе биде посветен на практична работа и работа во групи, односно игра на улоги каде учесниците ќе имаат можност да симулираат состанок со партнер, каде ќе можат својот партнер да го запознаат со компанијата, со концептот на проектот, а ќе можат да ги договорат улогите и одговорностите во рамки на предлог проектот.

SHARE