Во рамки на проектот „Градење на капацитетите на граѓанските организации за животна средина за зголемување на демократските процеси во Македонија“, во периодот од 21 до 23 септември во хотел Монтана, Крушево ќе се одржи првата работилница за стратешко планирање, на која ќе присуствуваат претставници на организациите кои се дел од Мрежата на иницијативи на граѓански организации за животна средина, чија цел е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации кои работат на полето на животна средина.

Оваа работилница има за цел креирање на Стратегија и акционен план на Мрежата на иницијативи на граѓански организации за животна средина.

На оваа прва работилница учесниците ќе имаат можност да ја договорат методологијата за стратешкото планирање, да ги дефинираат/развијат мисијата, визијата и стратешките цели на Мрежата, како и да ги дефинираат и договорат следните чекори, но и улогите и одговорностите на членовите на мрежата.

Проектот “Градење на капацитетите на граѓанските организации за животна средина за зголемување на демократските процеси во Македонија“, се спроведува во рамки на ИПА програмата за граѓанско општество и медиумска програма ‎2016-2017 година финансирана од Европската Унија, а се имплементира од страна на Милиеуконтакт Македонија и Здружение на инженери за животна средина „Развојна програма“.

SHARE