Од страна на Здружението на агроекономисти на Македонија (ЗАЕМ) беа изработени прашалници за фармери, а теренското истражување, односно посета и анкетирање се спроведе во соработка со ЈП Пасишта.

Во ова теренско истражување беа опфатени околу 50тина одгледувачи на овци, од високо-планинските пасишта на Шара, на локации предложени од страна на ЈП Пасишта (пасиште: Лера, пасиште: Дуфска планина, пасиште: Врбенско брдо).

Прашалниците имаат за цел да ја отсликаат сегашната состојба на предложените локации, односно да се добијат информации за областите покриени со пасишта, квалитетот на пасиштата и интензитетот на користење на пасиштата.

Теренските истражувања се спорведуваат во месец август и месец септември, а по завршување на истражувањето ќе биде изработен извештај во кој ќе бидат содржани анализирани резултати од прашалниците и препораки и насоки за изработката на Планот за одржливо управување со пасиштата на Шара.

Во рамки на проектот “Подобрување на управување со заштитените подрачја” финансиран од страна на Европската Унија, а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Милиеуконтакт Македонија во соработка со партнерите ЈП Пасишта и Здружение на агроекономисти на Македонија (ЗАЕМ), го спроведува проектот Заштита на биодиверзитетот на пасиштата на Шар Планина“. Проектот трае 16 месеци, а се спроведува во периодот помеѓу 4тиМај 2018 година до 4ти Септември 2019 година.

 

SHARE