На 23ти август, во канцелариите на Милиеуконтакт Македонија, ќе се одржи првиот иницијативен состанок за формирање на заедничка мрежа на иницијативи на граѓанските организации за животна средина, каде што ќе биде потпишан Меморандумот за соработка, кој има за цел воспоставување на долгорочна соработка помеѓу граѓанските организации кои ќе бидат членки на мрежата за нивно активно учество во креирањето на јавното мислење, политики и носењето на одлуки во полето на заштита на животната средина.

 

Проекот “Градење на капацитетите на граѓанските организации за животна средина за зголемување на демократските процеси во Македонија“, се спроведува во рамки на ИПА програмата за граѓанско општество и медиумска програма ‎2016-2017 година финансирана од Европската Унија, а се имплементира од страна на Милиеуконтакт Македонија и Здружение на инженери за животна средина „Развојна програма“.

 

SHARE