ПОКАНА

 

Милиеуконтакт Македонија како лидер на проектот и партнерите: Здружение на Агроекономисти на Р. Македонија (ЗАЕМ) и Јавното Претпријатие за пасишта

со задоволство Ве покануваат на

прес-конференција и означување почеток на проектот

„Заштита на биодиверзитетот на пасиштата на Шар Планина“

11ти Јули, 2018 (среда), со почеток од 11.00 часот

Локација: Јавно Претпријатие за пасишта, Бул.Партизански Одреди, бр. 145, 1000 Скопје

 

Почитувани,

Ја имаме честа да Ве поканиме на официјалниот настан за започнувањето на проектот „Заштита на биодиверзитетот на пасиштата на Шар Планина“ во рамки на проектот – Подобрување на управувањето со заштитените подрачја. Проeктот e финансиран од Европската Унија, а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. Целта на овој проект е да помогне да се заштитат природните ресурси, истовремено подобрувајќи го и квалитетот на животот на локалното население.

Настанот ќе се одржи во просториите на Јавното Претпријатие за пасишта.

Почетокот на настанот е закажан во 11:00 часот, 11ти Јули, 2018 година (среда).

На овој настан ќе бидат презентирани главната цел на проектот, специфичните цели, проектните активности и очекуваните резултати. Проектот „Заштита на биодиверзитетот на пасиштата на Шар Планина“ има за цел усогласување помеѓу заштитата на биодиверзитетот и економскиот развој на предложеното подрачје за заштита Национален парк Шар Планина. Крајна цел на проектот е да се обнови биодиверзитетот на пасиштата на Шар Планина, како и да се создадат можности за нови вработувања.

Би ценеле доколку го потврдите Вашето присуство, најдоцна до 10ти Јули 2018 година (Вторник).

 

Ви благодарам!

Александра Каракашова Сачкарска

Tel: +389 70 666 230

E-mail: aleksandra.s@mkm.mk

 

SHARE