На 11ти Јули, 2018 (среда), со почеток од 11:00 во просториите на Јавното Претпријатие за пасишта, се одржа првиот јавен настан за означување на почетокот на проектот „Заштита на биодиверзитетот на пасиштата на Шар Планина“, во рамки на проектот “Подобрување на управувањето со заштитените подрачја” финансиран од страна на Европската Унија, а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

На настанот присуствуваа околу 20 претставници на здруженија на граѓани, преставници на медиуми, како и различни институции.

На настанот се обратија Координаторот на проектот од Милиеуконтакт Македонија, директорот на Јавното Претпријатие за пасишта и претседателот на Здружението на агро-економисти на Р.Македонија (ЗАЕМ). Накратко беше презентиран проектот, односно главната цел и специфичните цели, проектните активности, очекуваните резултати како и придобивките на пасиштата како екосистеми, заштита и унапредување на нивниот биодиверзитет, како и придобивките на локалното население.

По презентацијата на проектот се разви продуктивна дискусија при што беше поздравена и позитивно прифатена иницијативата. Присутните покажаа мошне голема заинтересираност за проектот, беа поставени и одговорени прашања поврзани со процесот и начинот на којшто ќе се одвиваат активностите на проектот. Настанот беше проследен со краток коктел, за време на кој сите присутни имаа можност да разговараат и дополнително да продискутираат за проектот.

 

SHARE