Во рамки на проектот „Јакнење на локалните бизниси за предзвиците на глобалните пазари“, Компонента 1: Развивање на капацитетите на најмалку 10 Македонски мали и средни претпријатија (МСП) за искористување на расположливите средства на фондовите на ЕУ, престојниот викенд од 18-20 Мај 2018 година, во хотел Романтик, Велес, ќе се одржи ТоТ за тренери.
Една од најважните цели на целокупниот проект е зајакнување на капацитетите на домашните МСП за искористување на достапните програми на ЕУ за финансирање, како што се Хоризонт 2020, КОСМЕ, Еразмус и Платформата ЕНИФ.

Активноста ќе резултира со развој на програма за градење на капацитетите базирана на потребите на домашните МСП за искористување на расположливите средства на достапните фондови на ЕУ.

 

SHARE