Втор ден од одржување на обуката за тренери (ТоТ) за програмите за финансирање на ЕУ проектите, која се одржува во хотел Романтик, Велес.

Денес е предвидено обучувачите подетално да се запознаат со процесот и подготовката на успешни предлог проекти според програмата за финансирање на ЕУ, Horizon 2020, преку практичен пример на пополнување на апликација, почнувајќи од потребната административна документација, предлог концепт, инзвонредност, влијание, имплементација, подготовка на буџет. Во рамки на оваа програма предвидено и разработка на SME инструментот за развој на проекти за мали и средни претпријатија (МСП).

Во текот на овој ден е предвидено и запознавање на тренерите со програмата за финансирање на ЕУ, COSME – Програма за конкурентност на претпријатија и мали и средни претпријатија, каде исто така ќе се разгледаат можностите за подобни учесници за оваа програма, начин на регистрација и валидација на учесниците, содржина на предлогот и опис на акцијата/активностите, потоа преглед на техничките прилози, разработка на буџет, процедури за евалуација и административно разгледување на предлог проектите, и др.

#####################################################

The second day of training for trainers (ToT) for the EU funding programs, which is held in the hotel Romantic, Veles.

Today, trainers will be introduced with the process and preparation of successful project proposals under the EU funding program, Horizon 2020, through a practical example of completing an application, starting with the required administrative documentation, real proposal, excellence, impact, implementation and preparation of the budget, as well. Within the framework of this program, the SME instrument proposal development for SMEs will be analyzed and worked out.

During this day,will be present another EU funding program, COSME – Program for Competitiveness of Enterprises and Small and Medium-sized Enterprises, which will also consider the opportunities for eligible participants for this program, the way of registration and validation the participants, the contents of the proposal and the description of the action / activities, then a review of the technical appendices, the development of a budget, evaluation procedures and administrative review of the project proposals, etc.

 

 

SHARE