Во рамките на проектот “Јакнење на локалните бизниси за предзвиците на глобалните пазари”, имплементиран од Милиеуконтакт Македонија и CEIPIEMONTE S.c.p.a, Торино, Италија, беа избрани 15 мали и средни претпријатија од кои по двајца претставници од 10 (десет) мали и средни претпријатија, ќе бидат вклучени во активностите на проектот, а 5 (пет) мали и средни претпријатија ќе учествуваат со по еден претставник во обуките за зајакнување на капацитетите за искористување на расположливите средства од фондовите на ЕУ.

Во рамки на компонентата 1, која е наменета за развивање на капацитетите на најмалку 10 Македонски мали и средни претпријатија (МСП) за искористување на расположливите средства на фондовите на ЕУ, во тек е првата активност – проценка на капацитетите и потребите на македонските МСП за достапните програми за финансирање на ЕУ, вмрежување и развој на заеднички активности на национално и меѓународно ниво.

Оваа активност подразбира изготвување на прашалник за проценка на капацитетите и потребите на малите и средни претпријатија за достапните ЕУ програми за финансирање, работна посета на малите и средни претпријатија и изготвување на Извештај за проценка на капацитетите и потребите на малите и средни претпријатија.

Во изминатиот период проектниот тим на Милиеуконтакт Македонија реализираше посети со претставниците на малите и средни претпријатија кои се избрани за учество во овој проект.

После изготвување на Извештајот за проценка на капацитетите и потребите на малите и средни претпријатија, следна активност е реализирање на тренинг за тренери (ТоТ).

 

SHARE