Во рамките на проектот: Градење на капацитетите на граѓанските организации за животна средина за зголемување на демократските процеси во Македонија, реализиран од страна на Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт Македонија во партнерство со ЗИЖС Развојна програма Скопје, во периодот од 20ти март до 6ти април 2018 година, беше активен повикот за пристапување кон мрежата на иницијативи на граѓанските организации за животна средина.
На повикот беа пријавени преку 35 граѓански организации за животна средина од повеќе општини во Република Македонија.

Проектниот тим на Милиеуконтакт Македонија, во изминатиот период оствари состаноци со дел од заинтересираните граѓански организации за животна средина. Работните посети на пријавените граѓански организации ќе продолжат и во следниот период.

После одржување на работните состаноци со заинтересираните граѓански организации за животна средина, следна активност е основање на мрежата со потпишување на меморандум за соработка.

Мрежата ќе биде основана и ќе функционира како „отворена мрежа“ што значи дека доколку постоечките или новите граѓански организации ја искажат својата подготвеност и воља да се приклучат на мрежата, мрежата може дополнително да се прошири.

SHARE