На 2ри Март, 2018 (петок), со почеток од 14:00 во просториите на ЕУ ИнфоЦентарот, се одржа прв јавен настан за означување на почетокот на проектот „Јакнење на локалните бизниси за предзвиците на глобалните пазари“, финансиран од страна на Европската Унија, во рамки на Националната програма за помош при транзиција и градење на институциите (ТАИБ) за 2013 година, ИПА Компонента 1.

На настанот присуствуваа околу 30тина претставници од мали и средни претпријатија, претставници на здруженија на граѓани, преставници на медиуми, како и претставник од Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД) во рамките на Министерството за финансии на Република Македонија.

На настанот накратко беше презентиран проектот, односно главната цел и специфичните цели, проектните активности и очекуваните резултати. Присутните накратко беа запознаени и со достапните фондови на ЕУ (Horizon 2020, COSME, Erasmus & ENIF Platform).

Исто така на овој настан беше промовиран и отворениот повик за избор на мали и средни претпријатија (МСП) за градење на капацитетите за искористување на расположливите средства од фондовите на ЕУ и критериумите кои треба да ги исполнуваат (МСП) за да учествуваат во овој проект. За крај беа потенцирани придобивките кои (МСП) ќе ги стекнат преку овој проект, а тоа е стекнување на знаење од областа на програмите за финансирање, но и практична примена на знаењата во подготовка на проектни апликации за искористување на расположливите средства од фондовите на ЕУ.

SHARE