Во рамки на ИПА програмата за граѓанско општество и медиумска програма ‎2016-2017 година финансирана од Европската Унија, Милиеуконтакт Македонија и Здружение на инженери за животна средина-развојна програма го имплементираат проектот “Градење на капацитетите на граѓанските организации за животна средина за зголемување на демократските процеси во Македонија“.
Проектот заедно со сите свои специфики, цели, планирани активности и очекувани резултати ќе биде презентиран во Петок 16 Март, 2018 во просториите на ЕУ Инфо центар во Скопје со почеток во 14 часот.
Во рамките на настанот ќе се презентира и повикот за заедничко учество во мрежата на иницијативи на граѓански организации за животна средина.
Оваа мрежа ќе биде првата мрежа во земјата на формални и неформални еколошки иницијативи.
Освен лансирањето на повикот за учество во мрежата, на настанот ќе се презентираат и детали за планираниот раст и развој на мрежата, планот за јакнење на капацитетите на членките на мрежата и активностите поврзани со регрантирање на членките на мрежата.

Покана

Агенда

SHARE