Проектот „Јакнење на локалните бизниси за предзвиците на глобалните пазари”, финансиран од Европската унија преку секторот за Централно финансирање и склучување на договори (ЦФСД), Министерство за финансии на Република Македонија, а во рамки на Национална програма за помош при транзиција и градење на институциите (ТАИБ) за 2013 година, Инструмент за предпристапна помош, Компонента 1 (IPA I), Здружението за одржлив развој Милиеуконтат Македонија Скопје и CEIPIEMONTE S.c.p.a, Торино, Италија објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК
за избор на Мали и Средни Претпријатија (МСП) за градење на капацитетите за искористување на расположливите средства од фондовите на ЕУ

Главната цел на проектот е, да се зголеми конкурентноста на националната економија преку подобрување на капацитетите на малите и средни претпријатија (МСП) и помош при развивање на заеднички активности и проектни апликации за искористување на расположливите фондови на ЕУ.

Во периодот на спроведување на проектот избраните МСП ќе се запознаат со можностите за финансирање преку следните програми: Horizon 2020, COSME, Erasmus & ENIF Platform.

Тимот на тренери и експерти ќе разработи посебен план за обука кој ќе се базира на потребите и искуството на избраните МСП и директно ќе работи со истите за да овозможи практична примена на стекнатото знаење и директна помош во развој на проектни апликации со конкретна цел и потреба за МСП.

Освен директната поддршка на МСП и јакнење на капацитетите на претпријатијата за да ја зголемат својата конкурентност, во рамките на проектот Милиеуконтакт Македонија со својот партнер CEIPIEMONTE S.c.p.a од Италија ќе организира и размена на искуства и склучување на партнерства меѓу македонски и италијански компании.

Целни групи на проектот се: Македонските мали и средни претпријатија (МСП), Македонските здруженија на граѓани, јавните институции и Универзитетите.

 

  1. Услови за учество во проектот
  • Право на учество имаат Македонски МСП, регистрирани за вршење на дејноста, кои делуваат минимум 1 година;
  • Заинтересираните МСП треба да достават Тековна состојба или ДРД образец од Централен регистар;
  • Заинтересираните МСП треба да достават потврда/список со број на вработени, издаден од АВРМ, не постар од 6 месеци;
  • Заинтересираните МСП треба да достават свое портфолио;
  • Заинтересираните МСП треба да достават мотивационо писмо за учество во проектот;
  • Заинтересираните МСП треба да достават изјава со која делегираат претставник од својата компанија за постојано учество во активностите на проектот;
  • Задолжително познавање на англиски јазик;
  • Учество на меѓународни проекти, ќе се смета како предност;

 

  1. Поднесување на пријава за изразување на интерес

Заинтересираните МСП потребно е да ја пополнат пријавата, која е достапна на следниот линк.

Пријавите за интерес треба да се испратат најдоцна до 12.03.2018, до 17.00 часот, на е-пошта: info@mkm.mk или по пошта до: Милиеуконтакт Македонија, ул. Букурешка 133б, 1000 Скопје, Македонија, со назнака за ЈАВЕН ПОВИК за избор на МСП за градење на капацитетите.

За дополнителни информации во врска со повикот, може да не контактирате на:

Контакт лице: Александра Каракашова Сачкарска

T: +389 70 666 230;

E: aleksandra.s@mkm.mk

SHARE