More than 150 participants, including national and international experts, decision-makers, civil society organizations from the country and the region, scientists and practitioners in the field of climate change adaptation and mitigation, experts on sustainable development and representatives from the private sector came together today to agree a collective way forward on how to tackle climate change at the Third International Climate Change Conference in Skopje.

The three-day Conference (Feb. 3-5), which is taking place at the FON University, is organized by USAID’s Municipal Climate Change Strategies Project, implemented by Milieukontakt Macedonia. It aims to facilitate discussions on critical issues related to climate change, encourage the decision-making processes to include discussions on climate change in local level development planning, and generate new ways to advance urban resilience.

Participants will establish regional links for cooperation on joint activities to advance climate resilience in the country and the region. In addition, this conference will acknowledge the results obtained from using the participatory “Green Agenda” approach in development of ten local municipal strategies for climate change and promote its application across the region.

In his remarks, USAID Mission Director James Stein noted: “This conference marks a key moment for USAID, and its partners, as we recognize the progress we have made together over the past four years to address local climate change challenges facing Macedonia. The main goal of the USAID Municipal Climate Change Strategies project is to prepare local communities for the impacts of climate change and strengthen their capacity to find solutions that work best for them. Together with our partners, we have worked to strengthen the capacity of ten Macedonian municipalities to address local climate change challenges. Using the participatory “Green Agenda” approach, we have worked in partnership with citizens, the business sector, local authorities, and civil society organizations to better prepare for climate change through the implementation of adaptation and mitigation measures.”

In recognition of the importance of academia in climate change, this year’s conference, in cooperation with the FON University, incorporates the role of science in the climate change debate, by debate academic findings on climate change and their practical application.

The conference also aims to increase momentum for development and implementation of converging de-carbonization pathways as discussed at COP 22 in Marrakesh. Decision-makers, CSOs, representatives from public and private sector, including the Ministry of Environment and Physical Planning, the National Energy Agency, the Crisis Management Center, the Protection and Rescue Directorate, members of the Parliament, ministries and municipal governments will hold continued discussion integrated approach and coordinated actions needed in support of the Paris Agreement throughout the three-day event.

According to Mr. Igor Slavkoski, Executive director of Milieukontakt Macedonia and USAID MCCSP Chief of Party, “Climate change is a global problem, which requires undertaking individual responsibility and effective climate action on local level.
They are one of the biggest threats to vulnerable economies like ours in the region, with impacts that are not only perceived as detrimental to the environment, but are expected to undermine development, increase poverty, and endanger livelihoods. He added: “Today, before the completion of this project, ten Macedonian municipalities seriously embraced the fact that climate change is a real threat and managed to develop local strategies for climate change that directly reflect local challenges faced by the local population. I want to congratulate the Municipalities of Tearce, Bogdanci Pehcevo, Krivogastani, Bogovinje, Mavrovo Rostuse, Vinica, Studenicani, Prilep and Delcevo for their visionary approach in implementation of this project.”

This conference marks the accomplishment of the USAID MCCS Project. Beginning in 2012, the project took a proactive approach to climate adaptation that prioritizes strategies according to local needs. It worked together with local governments, citizens and civil society organizations to devise effective, home-grown, locally-owned strategies to lower emissions and promote adaptation. In addition, a total of seventeen capital measures were implemented in ten partner municipalities that help the most vulnerable citizens build resilience in the face of climate change. In addition to strengthening local resilience to climate change, this project strengthened civil society by promoting civic activism and increasing the community’s commitment to partner on issues of shared concern.

*****

Трета Меѓународна Конференција за Климатски Промени започнува во Скопје

Повеќе од 150 учесници, вклучувајќи домашни и меѓународни експерти, носители на одлуки, граѓански организации од земјата и регионот, научници и практичари од областа на адаптацијата и ублажувањето на климатските промени, експерти за одржлив развој и претставници од приватниот сектор се состануваат денес за да се договорат за заедничките следни чекори за справување со климатските промени на Третата Меѓународна Конференција за Климатски Промени во Скопје.

Три-дневната конференција (3-5 февруари), која се одржува на Универзитетот ФОН, е организирана од проектот на УСАИД за Општински Стратегии за Климатски Промени, спроведуван од Милиеуконтакт Македонија. Целта е да се овозможи дискусија за клучни прашања поврзани со климатските промени, да се стимулира вклучување на дискузија за климатските промени во процесите за развојно планирање и донесување одлуки на локално ниво, како и да се изнајдат нови начини за унапредување на урбаната отпорност кон климатските промени.

Учесниците ќе воспостават регионални врски на соработка за заеднички активности за унапредување на отпорноста кон климатските промени во државата и регионот. Освен тоа, на оваа конференција ќе бидат објавени резултатите од примената на партиципативниот метод „Зелена Агенда“ за развојот на десет локални општински стратегии за климатски промени, како и ќе се промовира неговата примена во регионот.

Во неговото обраќање, директорот на мисијата на УСАИД, Џејмс Стајн истакна: „ Оваа конференција одбележува клучен момент за УСАИД и нашите партнери, и ни дава можност да погледнеме наназад на заеднички постигнатиот напредок во изминативе четири години во справувањето со локалните предизвици на климатски промени со кои е соочена Република Македонија. Главната цел на проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени е да се зголеми отпорноста на локалните заедници и да се зајакне нивниот капацитет да одговорат на предизвиците како поплави, ерозија, и управување со водните ресурси. Овој пристап предводен од локалните заедници помогна да се изнајдат решенија кои најдобро делуваат за локалните заедници – како руралните, така и урбаните. Со примена на партиципативниот пристап „Зелена Агенда“, работевме во партнерство со граѓаните, бизнис секторот, локалните власти и граѓанските организации на зголемување на подготвеноста за справување со климатските промени преку имплементација на мерки за адаптација кон и ублажување на нивните ефекти.”

Како признание за важноста на научниот пристап кон климатските промени, годинешната конференција, во соработка со Универзитетот ФОН, ја вклучува улогата на науката во дебатата за климатските промени, преку одбрана на научните откритија за климатските промени и нивната практична примена.

Исто така, конференцијата има за цел да го забрза процесот на развој и имплементација на усогласените чекори за намалување на јаглеродните емисии, споменати на светскиот климатски самит COP22 во Маракеш. Носители на одлуки, организации од граѓанскиот сектор, претставници од јавниот и приватниот сектор, вклучувајќи го и Министерството за Животна Средина и Просторно Планирање, Националната Агенција за Енергетика, Центарот за Управување со Кризи, Управата за Заштита и Спасување, претставници од министерства и локални власти ќе одржат континуиран дијалог за интегриран пристап и координирано дејствување за поддршка на Парискиот договор во текот на три-дневниот настан.

Според Г-дин Игор Славкоски, Раководител на проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени и извршен директор на Милиеуконтакт Македонија, “климатските промени се глобален проблем, за чие решавање неопходна е ефективната акција и пред се преземање на индивидуална одговорност, што подразбира – делување локално. Тие се една од најголемите закани за ранливите економии како нашите во регионот, закана за нашите земјоделски приноси, а со тоа и зголемување на сиромаштијата и намалување на квалитетот на живот”. Тој додаде: “Денес, пред завршувањето на овој проект, десет македонски општини сериозно го прифатија фактот дека климатските промени се реална закана и успеаја да изработат локални стратегии за климатски промени кои директно ги рефлектираат локалните предизвици со кои се соочува локалното население. И затоа сакам да им честитам на општините Теарце, Богданци, Пехчево, Кривогаштани, Боговиње, Маврово Ростуше, Виница, Студеничани, Прилеп и Делчево, што визионерски пристапија кон оваа проблематика.”

Со оваа конференција се одбележува успешната реализација на проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени. Започнат во 2012, проектот имаше про-активен пристап во прилагодувањето кон климатските промени, кој дава приоритет на стратегии базирани на локални потреби. Се работеше заедно со локалните власти, граѓаните и граѓанските здруженија на изработка на ефикасни, локално создадени и во локална сопственост стратегии за намалување на јаглеродните емисии и унапредување на адаптацијата. Имплементирани се вкупно седумнаесет капитални мерки, во десет партнер општини, кои ќе им помогнат на најранливите жители да ја зголемат отпорноста кон климатските промени. Зајакнувајќи ја локалната отпорност кон климатските промени, овој проект го зајакна граѓанското општество со поттикнување на граѓански активизам и со зголемување на заложбите на заедницата здружено да делува за прашања од заеднички интерес.

SHARE