Today, USAID’s Mission Director, Mr. James Stein, joined the community in Delcevo to celebrate the completion of a measure to decrease the risk of urban flooding in Milkovo Brdo.  This measure was completed as part of the municipality’s involvement in USAID’s Municipal Climate Change Strategies Project (MCCSP), implemented by Milieukontakt Macedonia. For the citizens of Delcevo, adaptation to climate-related challenges through preventing urban floods was defined as a priority in the Municipality’s Climate Change Strategy.

This pilot project included construction of a new sewage system in the urban block “Milkovo Brdo” in Delcevo, which collects and leads the storm water away from the inhabited area. With this measure, USAID’s Municipal Climate Change Strategies Project has increased the capacity of Delcevo’s citizens to adjust to climate-related challenges and to shield from potential flood damage.

 

In his remarks, USAID Mission Director Stein noted:  “Over the past four years, we have worked with our partners in Macedonia to identify and effectively manage climate-related risks. Some of the most dangerous of these risks are those associated with extreme weather events, including droughts, heat waves, and severe storms.” “Here in Delcevo, in partnership with USAID, you have worked together to mitigate these risks and increase your community’s resilience.”

 

For the director of Milieukontakt Macedonia, Igor Slavkoski, a significant benefit of this project it is that through the participatory “Green Agenda” process all municipal stakeholders contributed to the development of a long-term Climate Change Strategy for Delcevo, which directly reflects the specific situation and the needs of the local population. The process, itself has ensured a long-term impact of the community’s efforts to build a strong society prepared to tackle not only climate-related challenges, but other civic challenges as well.

 

For this pilot project, USAID has contributed MKD 3,300,000 (USD 55,731) and the Municipality of Delcevo has contributed MKD 1,734,792 (USD 29,297). USAID’s MCCSP partnered with local leadership and the community in Delcevo to develop an actionable consensus-based long-term strategy that directly addresses the specific needs of the local population. In addition to strengthening local resilience to climate change, this project strengthened civil society by increasing the community’s commitment and involvement in issues of shared concern.

****

 

Успешно завршена мерката за превенција на урбани поплави во Делчево

Денеска, Директорот на мисијата на УСАИД, г. Џејмс Стајн, се приклучи на заедницата во Делчево за да го прослават завршувањето на мерката за намалување на ризикот од урбани поплави во Милково Брдо. Оваа мерка беше завршена како дел од учеството на општината во Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, спроведуван од Милиеуконтакт Македонија. За граѓаните на Делчево, адаптацијата кон климатските предизвици преку превенирање на урбани поплави беше дефинирана како приоритет во Општинската стратегија за климатски промени.

Овој пилот проект вклучи изградба на нова атмосферска канализација во урбаната населба “Милково Брдо” во Делчево, која ги собира и одведува атмосферските води подалеку од населеното место. Со оваа мерка, Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени го зголеми капацитетот на жителите на Делчево да се прилагодат на климатските предизвици и да се заштитат од потенцијалните штети од поплави.

 

Во своето обраќање, Директорот на мисијата на УСАИД, Џејмс Стајн истакна: “Во текот на изминатите четири години, работевме заедно со нашите партнери во Македонија на идентификување и ефективно управување со ризиците поврзани со промените на климата. Меѓу најопасните од овие ризици се оние поврзани со екстремни временски настани, вклучувајќи суши, топлотни бранови  и силното невреме”. “Овде, во Делчево, во партнерство со УСАИД, работевте сите заедно да се ублажат овие ризици и да се зголеми отпорноста на вашата заедница”.

 

За директорот на Милиеуконтакт Македонија, Игор Славкоски, посебна придобивка од овој проект е што преку Процесот на Зелена Агенда сите општински чинители заедно придонесоа кон развој на долгорочна стратегија за климатски промени на Делчево, која директно ја одразува специфичната ситуација и потребите на локалното население, а самиот процес овозможи долгорочно влијание на напорите за градење на силно граѓанско општество, подготвено да се справи не само со предизвиците од климатските промени, туку и со останатите граѓански предизвици.

 

За овој пилот проект, УСАИД придонесе со 3.300.000 денари (58.930 долари), а Општина Делчево придонесе со 1.734.792 денари (30.978 долари). Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени беше партнер на локалното раководство и заедницата во Делчево, со цел да се развие долгорочна стратегија и акционен план, засновани на консензус, кои директно ги рефлектираат специфичните потребни на локалното население. Зајакнувајќи ја локалната отпорност кон климатските промени, овој проект го зајакна граѓанското општество преку зголемување на посветеноста и вклученоста на заедницата на делување за прашања од заеднички интерес.

SHARE