Today, February 24, at the premises of the Municipality of Prilep, a public hearing on the Draft Strategy on Climate Change for the Municipality of Prilep was held together with presentation of the Strategic Environmental Assessment (SEA) Report. This activity was done as part of the municipality’s participation in USAID’s Municipal Climate Change Strategies Project (MCCSP), implemented by Milieukontakt Macedonia.

Igor Tasevski, local project coordinator from the partner CSO “Center for Civic Initiative” presented the Draft strategy on climate change for the Municipality of Prilep and the results from the implemented project activities in front of members of the municipal administration, members of the Municipal Council, representatives from local CSOs and local citizens which have been actively engaged in the “Green Agenda” process for strategy creation. Mrs. Aleksandra Karakashova, expert on Strategic Environmental Assessment, presented the Strategic Environmental Assessment (SEA) Report of the impact of the climate change strategy on the local environment.

Participants at the public hearing had an opportunity to give their proposals regarding the development of the local climate change strategy for Delcevo which will be inserted in the final document. 

On April 28, 2015, Prilep joined the group of ten partner municipalities where the USAID Municipal Climate Change Strategies Project is being implemented. Within this project, through the innovative “Green Agenda” Methodology CSOs, citizens, the private sector and municipal bodies have been actively engaged in developing consensus-based strategy and action plans for adaptation to and mitigation of the climate-related effects, which directly reflect the specific situation and the needs of the local population. In this process, the citizens of Prilep defined the adaptation to climate challenges through sustainable management of water resources as a priority in the Municipal Climate Change Strategy. The first priority measure, which is currently being implemented, includes maintenance and reparation of the water catchments of old city springs in Prilep. This will protect the old city springs from external influences; reduce major water losses and the risk for insufficient water supply in the dry periods, when the quantities of water that come from the regional water supply system “Studenchica” are reduced.

The total value of this investment is 1.101.680 denars, with equal contribution of USAID and Prilep in amount of 550.840 denars each. While fostering resilience to climate change, this project strengthens the linkages between local authorities and the community by boosting civic activism and commitment for community action on issues of shared concern.

 

**************

Одржана Јавна Расправа за Стратегијата за Климатски Промени и Извештајот за стратегиската оценка на влијанието на стратегијата врз животната средина во Општина Прилеп

Денеска, 24 февруари во просториите на Општина Прилеп се одржа јавна расправа по предлог Стратегијата за климатски промени на Општина Прилеп и презентација на извештајот за стратегиската оцена на влијанието на стратегијата врз животната средина.  Активноста е дел од учеството на општината во Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, спроведуван од Милиеуконтакт Македонија.

Игор Тасевски, локален координатор на проектот од локалната партнер организација “Центар за Граѓанска Иницијатива” – Прилеп ја презентираше Предлог стратегијата за климатски промени на општина Прилеп пред претставници на општинската администрација, Советот на Општината, граѓански организации и граѓани на Прилеп кои се активно вклучени во процесот Зелена Агенда за изработка на стратегијата, како и резултатите од досега спроведените активности од овој проект во Општина Прилеп.

Извештајот за стратегиската оцена на влијанието на стратегијата врз животната средина пред присутните го презентираше Александра Каракашова Сачкарска, експерт по оваа проблематика.  Присутните на состанокот имаа можност да дадат свои предлози по однос на стратегијата кои ќе бидат земени предвид при финализирање на документот и негово усвојување од страна на Советот на Општина Прилеп.

 На 28 април 2015 година, Прилеп се вклучи во групата на десет партнер општини каде се спроведува Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени. Во рамките на овој проект, преку иновативната методологија “Зелена Агенда”, граѓаните, граѓанските организации, приватниот сектор и општинските власти во Општина Прилеп беа активно вклучени во развој на долгорочната стратегија и акционен план за адаптација кон климатските промени и ублажување на нивните негативни ефекти, кои директно ја рефлектираат специфичната ситуација и потребите на локалното население.

Во овој процес, граѓаните на Прилеп, ја дефинираа адаптацијата кон климатските предизвици преку одржливо управување со водните ресурси како приоритет во Општинската стратегија за климатски промени. Во тек е спроведување на првата приоритетна мерка која вклучува санација на старите градски извори во Прилеп, што ќе овозможи намалување на загубите на чиста вода за пиење, а со тоа и намален ризик од недостиг на вода во општината за време на високи температури и сушни периоди.

Вкупната вредност на оваа инвестиција е 1.101.680 денари, каде што УСАИД и Општина Прилеп придонесоа со еднакво учество од по 550.840 денари.   Зајакнувајќи ја локалната отпорност кон климатските промени, Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени го зајакна граѓанското општество преку зголемување на посветеноста и вклученоста на заедницата во делување за прашања од заеднички интерес.

SHARE