On December 23, 2016, at the premises of Milieukontakt Macedonia, in frames of the EU-funded project “Stronger CSOs for a participatory transposition and implementation of the EU 2020 climate and energy package”, implemented by Milieukontakt Macedonia, Environmental Citizens Association “Front 21/42 and Training Institute KOCKA, contracts for sub-granting were signed with six chosen CSOs which submitted project concepts related to the IPA/CEEU2020-01 call from October 7, 2016.

This call is the last phase and completion of the capacity building process of the chosen CSO for:

  • Principles and approaches laid down in the EU 2020 climate and energy package;
  • Practical aspects of the EIA and SEA Directives;
  • Establishing network with local communities/authorities concerning climate and energy issues on local level; communication strategy and methodologies;
  • Advocacy techniques for policy adoption/change regarding climate and energy on local level, strategy, tactics and tools, advocacy plan

 

The purpose of the call is to transfer and replicate the effects of knowledge and improving governance in the field of environment in the country by creating conditions for active participation of civil society in decision making related to EU2020 climate and energy package and the EIA and SEA procedures. Organizations that were selected for sub-grants are:

 

  1. Citizens Association “CeProSARD” – Skopje
  2. Scout Squad “Krste Jon” – Struga in partnership with Natyra – Struga
  3. Association for development, education and environmental ethics – “POLYMAT 13” Bogdanci
  4. Association for sustainable development and protection of the environment “Go Green” – Skopje
  5. REGIONAL CENTRE FOR ADVOCACY – Delcevo in partnership with the Association – Center for herbs and berries “Ambrozia” – Pehcevo
  6. Citizens Association “Proaktiva” – Skopje

****

Доделени шест грантови на осум граѓански организации во рамки на проектот Зајакнати граѓански организации за партиципативно транспонирање и спроведување на ЕУ 2020 пакетот за енергија и клима

Во рамките на проектот “Зајакнати граѓански организации за партиципативно транспонирање и спроведување на ЕУ 2020 пакетот за енергија и клима”  финансиран од Европската Унија,  а спроведуван од  Милиеуконтакт Македонија, Еколошкото здружение на граѓани Фронт 21/42 и Институтот за обука КОЦКА, на 23 декември, 2016 година, во просториите на Милиеуконтакт Македонија, беа склучени договори со избраните организации, субгрантисти, поврзано со објавениот повик за доделување на грантови, со референтен број:  IPA/CEEU2020-01, објавен на 7 октомври, 2016 година.

Овој повик претставува завршна фаза и комплетирање на процесот на надградбата на капацитетите на граѓанските организации за:

  • Принципите на ЕУ 2020 пакетот за енергија и клима;
  • Практични аспекти на постапките за ОВЖС и СОЖС;
  • Вештини за вмрежување, стратегии за комуникација и методологии и
  • Техники за застапување: стратегија, тактики и алатки, план за застапување

 

Целта на повикот е трансфер и мултиплицирање на ефектите од стекнатото знаење и подобрување на владеењето во областа на животната средина во Република Македонија преку создавање услови за активно учество на граѓанските организации во процесите на донесување одлуки поврзани со ЕУ2020 пакетот за клима и енергија и процедурите за ОВЖС и СОЖС.

Организации кои беа избрани за суб-грантирање се:

  1. Здружение на граѓани ЦеПроСАРД – Скопје
  2. Извиднички одред КРСТЕ ЈОН – Струга во партнерство со Натура – Струга
  3. Здружение за развој, едукација и еколошка етика – ПОЛИМАТ 13 Богданци
  4. Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина ГОУ ГРИН – Скопје
  5. РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ – Делчево во партнерство со Здружение – Центар за лековити билки и бобинки АМБРОЗИЈА – Пехчево
  6. Здружение на граѓани ПРОАКТИВА – Скопје
SHARE