PODGORICA, December 21, 2016 – representatives of state and local authorities, Aarhus centers and environmental NGOs from the region, including Milieukontakt Macedonia are attending the regional conference “Cooperation of Aarhus Centers and environmental NGOs with state and local authorities – Experiences from the Region” funded and organized by the OSCE.

Ms. Ivana Vojinovich, Director of Environment at the Ministry of Sustainable Development and Tourism in Montenegro, Ms. Lia Magnaguagno, Head of the Democratization Program at the OSCE Mission in Montenegro, and Mr. Aleksandar Perovic, Director of the Environmental Association “Ozone” – Aarhus Centre Niksic, made opening remarks at the conference.

The Executive director of Milieukontakt Macedonia, Mr. Igor Slavkoski leads Panel no. 2, which main topic is the role of Aarhus Centers in the integration processes and regional initiatives.

Milieukontakt Macedonia is in the process of establishing an Aarhus Centre in Macedonia and becoming part of the leading regional network of centers providing information and public participation in the areas of environmental protection.

****************************************

Милиеуконтакт Македонија на регионална конференција на Архус центри во Подгорица

ПОДГОРИЦА, 21 декември 2016 година –  претставници на државни и локални власти, Архус центри и еколошки граѓански организации од регионот, меѓу кои и Милиеуконтакт Македонија, се присутни на регионалната конференцијата “Соработка на Архус центрите и еколошките невладини организации со државните и локалните власти – Искуства од Регионот” финансирана и организирана од ОБСЕ.

Со поздравни говори на конференцијата се обратија Генералната директорка за животна средина при Министерството за одржлив развој и туризам на Црна Гора, Г-ѓа Ивана Војинович, шефицата на Програмата за демократизација при Мисијата на ОБСЕ во Црна Гора, г-ѓа Лиа Магнагуагно и  директорот на еколошкото друштво “Озон” – Архус центарот Никшич, г-дин Александар Перович.

Извршниот директор на Милиеуконтакт Македонија, г-дин Игор Славкоски го води Панелот бр. 2 на кој се разговара за улогата на Архус центрите во интеграциските процеси и регионалните иницијативи. Милиеуконтакт Македонија е во процес на формирање на Архус центар во Македонија, со што ќе стане дел од водечката мрежа на центри за информирање и учество на јавноста во областа на животна средина во регионот.

SHARE