Today, November 23, 2016, at the municipal building in Studenicani, Milieukontakt Macedonia, within the USAID Municipal Climate Change Strategies Project, held a public hearing on the Draft Strategy on Climate Change for the Municipality of Studenicani.

Participants at the public hearing were members of the municipal administration, members of the Municipal Council and local citizens.

The purpose of the meeting was public hearing on the Draft strategy on climate change for the Municipality of Studenicani and presentation of the Strategic Environmental Assessment (SEA) Report of the impact of the climate change strategy on the local environment. Presentation was conducted by Mrs. Aleksandra Karakashova, expert on Strategic Environmental Assessment.

At this meeting, participants gave their proposals regarding the development of the local climate change strategy for Studenicani which will be inserted in the final document.

Next step of the process is completing the strategy with the comments from the public hearing and presenting it to the Municipal Council in order to be adopted as official strategy for climate change for the Municipality of Studenicani.

Milieukontakt Macedonia, within the USAID’s Municipal Climate Change Strategies project, worked with the local government and the citizens of Studenicani to develop a long-term, consensus-based, strategy which directly reflects the specific climate challenges and needs facing the local population.

As part of the municipality’s participation in the project, two adaptation measures were realized, which significantly improve the community’s capacity to deal with the challenges of climate change. These measures include the earlier urgent action – completely renovated municipal reservoir for drinking water and its accompanying equipment, as a measure for sustainable management of water resources. Later in the project development, a larger, pilot project was realized – regulation of the riverbed of Meriz river and rehabilitation of a major landslide in the upper part of the Studenicani village – aimed at reducing the risk of landslides and flooding, as a direct consequence of climate change.

Strengthening the local resilience to climate change, the project has strengthened civil society by encouraging civic activism and dedication of local citizens to work together on issues of shared concern.

***********

Одржана Јавна Расправа за Стратегијата за Климатски Промени и Извештајот за стратегиската оценка на влијанието на стратегијата врз животната средина во Општина Студеничани

Денес, 23 ноември, 2016 година, во општинската зграда на општина Студеничани, Милиеуконтакт Македонија, во рамки на Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, одржа Јавна Расправа по Предлог Стратегијата за Климатски Промени на Општина Студеничани.

На јавната расправа присуствуваа членови на општинската администрација, членови на Советот на Општината, како и заинтересирани граѓани.

Целта на состанокот беше јавна расправа за Предлог стратегијата за климатски промени на општина Студеничани, како и презентација на Извештајот за стратегиската оценка на влијанието на стратегијата врз животната средина.  Презентацијата ја водеше г-ѓа Александра Каракашова Сачкарска, експерт за стратегиска оцена на животна средина.

Присутните на состанокот дадоа свои предлози по однос на стратегијата кои беа евидентирани и истите соодветно ќе бидат вметнати во документот.

На состанокот беше одлучено Предлог стратегијата за климатски промени на општина Студеничани да биде ставена на разгледување на следната седница на Советот на Општина Студеничани со цел нејзино усвојување како официјална стратегија за климатски промени на Општина Студеничани.

Милиеуконтакт Македонија, во рамки на Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени работеше со локалното раководство и граѓаните на Студеничани да се развие долгорочната стратегија, базирана на консензус, која директно ги рефлектира специфичните климатски предизвици и потребите на локалното население.  Како дел од учеството на општината во овој проект, беа реализирани две големи капитални мерки кои значително го подобрија капацитетот на заедницата да се справи со предизвиците од климатските промени: итната мерка – целосно реновиран општинскиот резервоар за вода за пиење и неговата придружна опрема и пилот проект – регулација на коритото на реката Мериз и санација на свлечиште во селото Студеничани, како мерки за одржливо управување со водните ресурси и намалување на ризикот од лизгање на земјиште и поплави, како директна последица од климатските промени.  Зајакнувајќи ја локалната отпорност кон климатските промени, проектот го зајакна граѓанското општество поттикнувајќи граѓански активизам и посветеност на луѓето на заедничка работа за прашања од заеднички интерес.

SHARE