USAID’s Municipal Climate Change Strategies Project (MCCSP) is pleased to announce the Third International Climate Change Conference taking place at FON University in Skopje, Macedonia, February 3-5, 2017.

The conference will bring together activists, national and international experts, decision-makers, practitioners in the field of climate change adaptation and mitigation, experts on sustainable development, civil society organizations from the country and the region working in the field of environment and sustainable development, to:

  • Share USAID Municipal Climate Change Strategies project’s achievements and results;
  • Exchange Climate Change-related approaches and experiences;
  • Identify new ways to advance urban resilience to climate change;
  • Encourage climate considerations in development planning and decision-making processes on local level;
  • Establish a scientific component in the climate process by promoting academic findings on climate change and their practical application.

Climate change is the greatest long-term threat facing the world. As the scale of climate challenges is growing, so is the need for a strong international commitment to climate action, and new, innovative approaches to increase the capacity for solving climate-related problems and building resilience at the local level.

In the period between 2012 and 2016, Milieukontakt Macedonia, in frames of the USAID’s Municipal Climate Change Strategies Project, using the Green Agenda Methodology, developed the first, pilot Climate Change Strategies in ten municipalities in Macedonia, which directly address specific climate challenges and needs facing the local population.

These strategies are the first developed strategic documents in Macedonia and the region of Southeast Europe, targeting climate change issues on local level, developed in partnership with local CSOs, Local Self-Governments and, most importantly, with Citizen participation. The process itself resulted with a positive, long-term, impact on the efforts to build a strong civil society, prepared to deal not only with climate-related, but also with other civil challenges.

Additional information about the conference and the opportunity to register your participation will be available on the Web site of the Third International Conference on Climate Change, www.conference.mkm.mk , as well as on Milieukontakt Macedonia’s website, www.mkm.mk.

*****

НАЈАВА – Трета меѓународна конференција за климатски промени

Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени има чест и задоволство да ја најави Третата меѓународна конференција за климатски промени, која ќе се одржи во просториите на ФОН Универзитетот во Скопје, од 03-05 февруари, 2017 година.

На конференцијата се очекува да учествуваат активисти, домашни и меѓународни експерти, носители на одлуки, практичари од областа на адаптацијата и митигацијата кон климатските промени, експерти за одржлив развој, граѓански организации од нашата земја и регионот кои работат на полето на животната средина и одржливиот развој, со цел:

  • Споделување на резултатите и постигнувањата од проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени;
  • Размена на искуства поврзани со справувањето со климатските промени;
  • Идентификување на нови начини за унапредување на урбаната отпорност кон климатските предизвици;
  • Вклучување на климатските фактори во процесите за развојно планирање и донесување одлуки на локално ниво;
  • Воспоставување на научна компонента во климатскиот процес, преку промоција на академските наоди од областа на климатските промени и нивна практична примена.

Климатските промени се најголемата долгорочна закана со која се соочува светот. Како што расте обемот на климатските предизвици, така се зголемува потребата од силна меѓународна заложба за дејство во однос на климата, но и нови, иновативни, пристапи за зголемување на капацитетите за решавање на проблемите и градењето на отпорност на локално ниво.

Во периодот помеѓу 2012 и 2016 година, Милиеуконтакт Македонија, во рамките на проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, применувајќи ја методологијата Зелена Агенда, ги разви првите пилот – стратегии за климатски промени во десет општини во Македонија, кои директно ги адресираат специфичните климатски предизвици и потребите на локалното население.

Овие стратегии се првите, воопшто, развиени стратешки документи во Македонија и во регионот на Југоисточна Европа, кои ги адресираат прашањата насочени кон климатските промени на локално ниво, развиени во партнерство со локалните граѓански организации, локалните власти и најважно – со граѓанско учество. Самиот процес овозможи долгорочно влијание на напорите за градење на силно граѓанско општество, подготвено да се справи не само со предизвиците од климатските промени, туку и со останатите граѓански предизвици.

Дополнителни информации за конференцијата, како и можност да го пријавите своето учество, се достапни на Веб страната на Третата интернационална конференција за климатски промени, www.conference.mkm.mk , како и на Веб страната на Милиеуконтакт Македонија, www.mkm.mk

SHARE