epinalepinalToday in Hotel Epinal in Bitola, USAID’s Municipal Climate Change Strategies Project (MCCSP), in collaboration with the Macedonian Green Center, opened the 13th annual National Strategy Meeting (NSM) of the Environmental CSOs in Macedonia. This annual gathering strengthens the network and advances the shared strategies and goals of environmental CSOs working in Macedonia.

The MCCSP Chief of Party, Mr. Igor Slavkoski and the President of Macedonian Green Centar, Mr. Metodija Sazdov made brief remarks.  In his remarks, MCCSP Chief of Party Slavkoski noted: “NSM is the largest environmental CSO gathering in Macedonia, which has been traditionally organized every year, since 2000. At this year’s meeting we will make a step forward in our efforts to establish a unified approach of the Macedonian environmental movement in the cooperation with the Ministry of Environment and Physical Planning (MEPP) and the international environmental programs”.

This year’s three-day meeting aims to strengthen the role of the coordinating body for cooperation between the environmental CSOs and the MEPP, through determination of key responsibilities, establishment of working groups, development of an action plan, and reinforcement of the environmental and sustainable development network in Macedonia. It brings together more than 40 representatives from environmental CSOs and representatives from the MEPP to facilitate necessary collaboration and promote dialogue with decision-makers on important issues related to climate change and the environment.

USAID’s MCCSP, implemented by Milieukontakt Macedonia, has been supporting the annual Meeting on the Environment and Sustainable Development since 2012 to strengthen the environmental movement in Macedonia, by raising awareness of environmental CSOs about climate change and strengthening the linkages between the civil sector and decision-makers in the environmental field in Macedonia.  While fostering the environmental network, through these meetings, the project promotes the Green Agenda methodology for development of municipal climate change strategies and the visible project results that enhance local resilience to climate change in ten municipalities in Macedonia.

 

*********************************************************

 

УСАИД и Македонскиот Зелен Центар ја организираат 13. Годишна средба на граѓанските организации за животна средина и одржлив развој

 

Денес во хотелот Епинал, во Битола, проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени во соработка со Македонски Зелен Центар, ја отвори 13. Годишна средба на граѓански организации за животна средина и одржлив развој. Овој годишен собир има за цел зајакнување на мрежата и унапредување на заедничките стратегии и цели на еколошките граѓански организации во Македонија.

Раководителот на проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени, г. Игор Славкоски и претседателот на Македонски Зелен Центар имаа обраќања до присутните. Во неговата изјава, г. Славкоски истакна: “Оваа годишна средба претставува најголем собир на граѓанскиот сектор од областа на животната средина и одржливиот развој во Македонија, која започнувајќи од 2000 година, традиционално се организира секоја година.  На овогодинешниот состанок ќе направиме чекор напред во нашите напори да се воспостави заеднички пристап на македонското движење за животната средина во соработката со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), како и со меѓународните програми за животната средина”.

Овогодинешниот тридневен состанок има за цел да ја зајакне улогата на координативното тело за соработка помеѓу еколошките граѓански организации и МЖСПП, преку утврдување на клучните одговорности, формирање на работни групи, развој на акционен план и зајакнување на мрежата на граѓанските организации кои се активни на полето на животна средина и одржлив развој во Македонија . Состанокот ќе обедини повеќе од 40 претставници од еколошки граѓански организации и претставници од МЖСПП со цел да се олесни неопходната соработка и да се поттикне дијалог со носителите на одлуки за важни прашања поврзани со климатските промени и животната средина.

Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени, спроведуван од Милиеуконтакт Македонија, од 2012 година е поддржувач на годишната средба на граѓанските организации кои работат на полето на животна средина и одржлив развој, со цел зајакнување на еколошкото движење во Македонија, подигнувајќи ја свеста на еколошките граѓански организации за климатските промени и зајакнувајќи ја врската меѓу граѓанскиот сектор и носителите на одлуки во областа на животната средина и климатските промени во Македонија. Зајакнувајќи ја мрежата на еколошките граѓански организации, преку овие годишни средби, Проектот ја промовира иновативната методологија Зелена агенда за развој на општински стратегии за климатски промени и видливите резултати на проектот кои ја зголемуваат локалната отпорност кон климатските промени во десет општини во Македонија.

SHARE