On September 16, 2016, in the center of Pehcevo, USAID’s Municipal Climate Change Strategies Project, implemented by Milieukontakt Macedonia, begins with realization of the second campaign aimed at raising the public awareness and support in the fight against climate change under the motto “Climate changes, it depends on us”. The campaign, targeted towards the entire local public, will be implemented through a series of one-day events in the ten municipalities where the project is being implemented: Studenichani, Pehchevo, Delchevo, Vinica, Bogdanci, Krivogashtani, Prilep, Bogovinje, Mavrovo and Rostushe, and Tearce. The campaign will last until October 22.  Educational materials and brochures will be available, and discussions will be held during the events, wherewith the visitors will have an opportunity to become familiar with climate change, its negative effects on the local environment, and the measures for climate change mitigation and adaptation through changes in everyday habits of each individual. Our message is: climate change is one of the major threats for our planet and the future of the new generations. They affect each individual, therefore each one of us should be part of the solution. The central events in each municipality will have their specific characteristics with additional activities which will attract the audience’s attention, and which were designed and organized by the young people who, once again this year, were part of the Youth Summer Camp for climate change which was held in Struga within the same project. Film screenings, presentations and debates in local secondary schools will be part of the program, aimed to encourage people to effectively act in the fight against climate change and the support of sustainable development at a local level. In addition, the young participants will be able to join the Facebook contest on Milieukontakt Macedonia’s Facebook page for best photograph through which the main message of the campaign will be conveyed.

a3-podmetac-za-hrana-mkdThis year’s campaign was announced through creative messages, with radio and television messages to all citizens, and many local cafés and restaurants have been included in its promotion, where through specially designed promotional material, the citizens will be encouraged to think about the importance of the human factor in overcoming the challenges of climate change.

A common element of each central event will be the Green truck – the unique environmental classroom on wheels, which same as last year, this year again will be open for all visitors who would like to get information on issues related to climate change, global warming, renewable energy sources, energy efficiency, as well as to become familiar with the method of preparation of climate change strategies of their municipality within USAID’s Climate Change Strategies Project.

In addition, in each of the municipalities, for the first time throughout this campaign will be promoted the latest innovation which won in this year’s contest for combatting climate change and increasing of urban resilience “Again, It depends on you”, organized by USAID and UNDP – the “Re-bot” smart machine which selects plastic and aluminum waste in supermarkets. The young team of engineers, who are currently working on the construction of the machine, will join the campaign in the ten municipalities in order to encourage better recycling habits among the citizens, and to present the great relevance of the reduction of solid waste as one of the ways to preserve the environment and to fight against climate change.

Through the Municipal Climate Change Strategies Project, USAID helps the Macedonian citizens from ten municipalities in the consensus-based creation of long-term local strategies, which directly reflect the specific climate challenges communities are facing, and the needs of the local population. Through the unique Green Agenda method, this is being realized by bringing together all stakeholders in the process, including the citizens, the civil society organizations, and the local self-government. By strengthening the local resilience to climate change, the project strengthens the civil society, encouraging public awareness, civic activism and people’s dedication to work together on issues of common interest.

See below the schedule of campaign events.

Download

========================================================

На 19. септември, 2016 година, во центарот на Пехчево, Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени, спроведуван од Милиеуконтакт Македонија ќе ја започне втората по ред кампања за подигнување на јавната свест и поддршка во борбата против климатските промени под мотото “Климата се менува, од нас зависи”. Кампањата, насочена кон целокупната локална јавност,  ќе биде спроведена преку серија од еднодневни настани во десетте општини каде што се спроведува проектот: Студеничани, Пехчево, Делчево, Виница, Богданци, Кривогаштани, Прилеп, Боговиње, Маврово и Ростуше и Теарце и ќе трае до 22.октомври. На настаните посетителите ќе имаат можност преку едукативни материјали, брошури и дискусии одблизу да се запознаат со климатските промени, нивните негативни ефекти врз животната средина, како и начините за нивно ублажување и адаптација кон истите преку промени во секојдневните навики на секој поединец. Нашата порака е: предизвиците од климатските промени се најголема закана за нашата планета и иднината на новите генерации. Тие го засегаат секој поединец и затоа секој од нас треба да биде дел од решението. Централните настани во секоја општина ќе имаат и свое лично обележје со дополнителни активности кои ќе го привлечат вниманието на публиката, а кои беа конципирани и организирани од страна на младинците кои и оваа година беа дел од Младинскиот Летен Камп за климатски промени кој се одржа во Струга во рамки на истиот проект. На програмата ќе се најдат филмски проекции, презентации и дебати низ локалните средни училишта, преку кои ќе се поттикнат граѓаните ефективно да дејствуваат во борбата против климатските промени и поттикнувањето на одржливиот развој на локално ниво. Дополнително, младите учесници ќе имаат можност да се вклучат во Фејсбук натпреварот за најдобра фотографија преку која се испраќа главната порака на кампањата.

a3-podmetac-za-hrana-mkdПреку креативни пораки овогодишната кампања беше најавена со радио и телевизиска покана до сите граѓани, а во нејзината промоција се вклучија и голем број локални кафулиња и ресторани каде преку специјално дизајниран промотивен материјал ќе се поттикнат граѓаните да размислат за важноста на човечкиот фактор во надминување на предизвиците од климатските промени.

Заеднички елемент на секој централен настан ќе биде зелениот камион – уникатната еколошка училница на тркала, која како минатата, така и оваа година ќе биде отворена за сите посетители кои ќе сакаат да се информираат за теми поврзани со климатските промени, глобалното затоплување, обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност, како и да се запознаат со методот на изработка на стратегиите за климатски промени на нивната општина во рамките на Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени.

a3-podmetac-za-hrana-alДополнително, во секоја од општините за прв пат ќе биде промовирана и најактуелната иновација која победи на овогодинешниот натпревар за борба против климатските промени и поттикнување на урбаната отпорност “Пак Од Тебе Зависи” организиран од УСАИД и УНДП –
“Re-bot” – паметната машина која рециклира отпад од пластика и алуминиум во супермаркети.  Младиот тим инженери кои моментално работат на конструирање на машината,  ќе се придружат на кампањата низ десетте општини со цел да поттикнат подобри навики за рециклирање кај граѓаните и да ја презентираат големата важност за намалувањето на цврстиот отпад како еден од начините за зачувување на животната средина и борба против климатските промени.

Преку Проектот за општински стратегии за климатски промени,  УСАИД им помага на македонските граѓани од десет општини во создавањето на долгорочни локални стратегии, засновани на консензус, кои директно ги одразуваат специфичните климатски предизвици со кои се соочува нивната заедница и потребите на локалното население.  Преку уникатниот метод Зелена Агенда, ова се реализира со здружување на сите заинтересирани страни во процесот, вклучително граѓаните, граѓанските организации и локалната самоуправа. Зајакнувајќи ја локалната отпорност на климатските промени, проектот го зајакнува граѓанското општество, поттикнувајќи јавна свест, граѓански активизам и посветеност на луѓето на заедничка работа за прашања од заеднички интерес.

Прилог: Распоред на сите настани во десетте општини

Превземи

SHARE