A CLIMATE CHALLENGE FOR ALL CITIZENS—AGAIN IT DEPENDS ON YOU!

A climate challenge open to all citizens of the country has been launched by the United Nations Development Programme (UNDP) and the United States Agency for International Development (USAID), in partnership with the Embassy of Sweden, the Ministry of Environment and Physical Planning, MilieuKontakt Macedonia, and the Faculty of Computer Science and Engineering.

This second competition invites citizens to submit proposals for innovative projects aimed at the overarching goal of “urban resilience” that will work to:

  • Fight climate change;
  • Reduce pollution;
  • Protect green spaces; or
  • Reduce solid waste.

The most innovative idea will be awarded with a grant of $10,000, of which $1,000 will be given as a cash prize and $9,000 will be granted to the winner in the form of in-kind contributions to translate the idea into the prototype of a solution. This includes technological support, mentoring, and help in finding partners who might be interested in adopting the solution or funding further development .

The challenge has an urban focus since cities are major contributors to climate change and also face dramatic risks from its consequences, including floods and extreme weather events.

Currently, more than 60% of the country’s population live in urban centres, with approximately 30% in Skopje alone. The capital is home to most of the country’s economic activity and generates most of its energy-related emissions. Steady urbanization is putting heavy pressure on natural resources, threatening clean water with sewage, clean air with pollution, and green spaces with urban sprawl.

“Fighting climate change is one of the seventeen Global Goals that all UN member states adopted last year,” said UNDP Resident Representative Louisa Vinton. “Every country and every individual has a role to play in this fight. Policy commitments need to be translated into real-world impact through fresh ideas and grassroots engagement that will help make our cities safer, greener and cleaner.”

Last year’s climate challenge drew more than 130 innovative proposals from the public. The two winning ideas—a running-shoe that can charge phones, and a series of viral videos aiming to raise awareness about climate change—have already been successfully developed into prototypes.

There are sure to be more good ideas out there.

“Already 50% of the world’s population lives in cities and the numbers are growing.  Increasing urbanization is exerting pressure on freshwater supplies, sewage treatment facilities, green spaces, and public health.  With this new challenge, we call on you, the citizens of Macedonia, to share your innovative ideas to mitigate those pressures,” said USAID Mission Director James Stein.  “Good ideas aren’t the domain of just scientists and engineers.  We invite everyone to put their  thinking caps on in support of the global clean energy goals.  As the contest slogan says od tebe zavici.”

This year’s challenge got under way with a teaser campaign on Mount Vodno, where famous artist Simonida Filipovska painted a polluted picture of the city below. Local cafes, restaurants and bookstores promoted the launch with fun posts drawing attention to the #odtebezavisi hashtag.

Announcing the official launch of the campaign, Swedish Ambassador Matt Staffanson reminded the audience of the need to harness all potential human resources in overcoming climate change.

”Just like Sweden, Macedonia is getting urbanized in an increased speed. This trend prompts new thinking around crucial issues such as energy supply and water resources. It is known that urban centers are in many respects more climate friendly, but the many challenges must also be addressed. The Embassy of Sweden in Skopje is proud to once again partner up with UNDP and others with the aim to encourage innovative and creative thinking in Macedonia around how to reap the benefits of urbanization and improve the resilience of cities. Last year’s “Climate challenge” resulted in many impressive and thought-provoking contributions, I look forward to see what the contestants will present this year!”, says Swedish Ambassador, Matt Staffanson.

The online application form for the contest can be found at: http://odtebezavisi.mk

The deadline for submitting applications is 1 June 2016.

For more information, please contact:

==========================================================

КЛИМАТСКИ ПРЕДИЗВИК ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ  – ПАК ОД ТЕБЕ ЗАВИСИ!

Kлиматски предизвик отворен за сите граѓани на Македонија е објавен од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД), во партнерство со Амбасадата на Шведска, Министерството за животна средина и просторно планирање, Милиеуконтакт Македонија и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Вториот конкурс ги поканува сите граѓани да достават предлози за иновативни проекти насочени кон сеопфатната цел на “урбана отпорност “, за:

  • Борба против климатските промени;
  • Намалување на загадувањето;
  • Заштита на зелените површини; или
  • Намалување на цврстиот отпад.

Најиновативната идеја ќе биде наградена со грант од $ 10,000 американски долари, од кои $ 1,000 ќе бидат доделени како парична награда, додека $ 9,000 американски долари ќе бидат доделени на победникот во форма на придонеси за да се поддржи развојот на идејата во прототип на решение. Ова вклучува технолошка поддршка, менторство и помош во изнаоѓање на партнери кои би можеле да бидат заинтересирани за усвојување на решението или за финансирање на неговиот понатамошен развој.

Предизвикот има урбан фокус, бидејќи градовите се главни причинители на климатските промени, а истовремено се соочуваат со драматични ризици од нивните последици, вклучувајќи поплави и екстремни временски појави.

Моментално, повеќе од 60 отсто од населението во Македонија живее во урбаните центри, со околу 30 отсто само во Скопје. Главниот град е дом на поголемиот дел економска активност на земјата и генерира најголем дел од емисиите поврзани со потрошувачка на енергија. Постојаната урбанизација врши голем притисок врз природните ресурси, загрозувајќи ја чистата вода со отпадни води, чистиот воздух со загадување и зелените површини со урбана експанзија.

“Борбата против климатските промени е една од седумнаесетте Глобални цели усвоени од сите земји членки на Обединетите нации минатата година”, изјави постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон. “Секоја земја и секој поединец има улога во оваа борба. Политиките и заложбите треба да се преточат во конкретни активности преку свежи идеи и ангажман од сите страни за нашите градови да станат побезбедни, позелени и почисти”.

На минатогодишниот климатски предизвик пристигна повеќе од 130 иновативни предлози од граѓаните. Двете победнички идеи – паметни влошки за обувки кои може да служат за полнење на телефони, како и серија на вирални видео клипови со цел подигнување на јавната свест за климатските промени – се веќе успешно развиени во прототипи.

Сигурно постојат уште многу добри идеи за споделување.

“Веќе 50 отсто од светската популација живее во градовите, а тој број постојано расте. Растечката урбанизација врши притисок врз снабдувањето со чиста вода, објектите за третман на отпадните води, зелените површини, како и јавното здравје. Со овој нов предизвик, ве повикуваме сите вас, граѓаните на Македонија, да ги споделите вашите креативни идеи за ублажување на овие притисоци”, рече Директорот на мисијата на УСАИД, Џејмс Стајн. “Добрите идеи не се само во доменот на научниците и инженерите.  Ги покануваме сите да ги стават своите капи за размислување за поддршка на глобалните цели за чиста енергија. Како што вели и слоган на конкурсот, Од Тебе Зависи“.

Овогодишниот предизвик започна со тизер кампања на Водно, каде што познатиот ликовен уметник Симонида Филиповска наслика загадена слика на градот долу. Локалните кафулиња, ресторани и книжарници се вклуќија во промоцијата преку забавни постови кои привлекоа внимание на хаштагот #одтебезависи.

Прогласувајќи го официјалниот почеток на кампањата, шведскиот амбасадор, Матс Стафансон, ја потсети публиката за потребата од искористување на сите потенцијални човечки ресурси во надминувањето на климатските промени.

“Исто како и Шведска, Македонија се соочува со забрзана урбанизација.  Овој тренд  поттикнува нови размислувања околу клучните прашања, како што се снабдувањето со енергија и водните ресурси. Познато е дека урбаните центри од повеќе аспекти се пријателски насочени кон климата, но сепак големиот број предизвици мора да се решат. Амбасадата на Шведска во Скопје е горда што е повторно партнер со УНДП и другите, со цел да се поттикне иновативно и креативно размислување во Македонија околу тоа како да се искористат предностите од урбанизацијата и да се подобри отпорноста на градовите. Минатогодишниот “Климатски предизвик“ резултираше во многу импресивни и поттикнувачки придонеси, и јас со нетрпение чекам да видам што ќе презентираат натпреварувачите оваа година!“, вели шведскиот амбасадор, Матс Стафансон.

Електронската апликацијата за конкурсот може да се најде на: http://odtebezavisi.mk

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 1. јуни, 2016 година

 

За повеќе информации, ве молиме обратете се на:

Сандра Исмановски

Програма за развој на Обединетите нации (УНДП)

Мобилен телефон: +389 (0)70  219 648

Email: sandra.ismanovski@undp.org

Радмила Славкова

Контакт на Проектот на УСАИД за Општински Стратегии за климатски промени:

Телефон: +389 (0)2 2 460 876

Мобилен телефон: +389 (0)76  319 502

Email: radmila.slavkova@mkm.mk

 

SHARE