На 27ми Февруари во Хотел Игнатиа во Гостивар се одржа првата oбука под наслов “Применливи практики за одржливо управување со пасишта” во рамки на проектот „Заштита на биодиверзитетот на пасиштата на Шар Планина“.
Главни цели на обуката за одржливо управување со пасишта е, врз основа на процената на моменталната состојба на дел од пасиштата на Шар планина (Врбенско брдо, Лера и Дуфска планина), начинот на нивното управување, експлоатација, вклучувајќи ги и нивните недостатоци, да се предложат мерки и активности за нивно рационално искористување во иднина.
На обуката присуствуваа околу 30 фармери/сточари кои моментално стопанисуваат со наведените пасишта на Шар Планина, стручни служби од Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта и од ОЕ Лера Гостивар, членови од Агенцијата за Поттикнување на Развој на Земјоделството (АПРЗ) од Гостивар и членови од Македонското Еколошко Друштво. За време на обуката беше презентирана состојбата на пасиштата на Шар Планина, потоа беа презентирани и разгледани мерките за подобрување на пасиштата и кои активности се очекува да се превземаат. На крајот се даде заклучок за тоа како да се реализираат потребните чекори за реализирање на предвидените цели, по што се разви продуктивна дискусија.

Повеќе

SHARE