Првата заедничка обука на организациите членки на Архус мрежата формирана во рамките на проектот “Градење на капацитетите на граѓанските организации за животна средина за зголемување на демократските процеси во Македонија” започна денес во Охрид.
Во текот на следните 2 дена организациите ќе работат на подобрување на своите знаења за Архуската конвенција како и јакнење на своите капацитети за користење на можностите што ги дава Архуската конвенција за да го зголемат своето учество во процесите на донесување на одлуки поврзани со животна средина на локално и национално ниво.

 

SHARE