Почитувани,

 

Со особено задоволство Ве покануваме да учествувате на еднодневна обука на тема “Применливи практики за одржливо управување со пасишта” во рамки на проектот „Заштита на биодиверзитетот на пасиштата на Шар Планина“, организиранa од Милиеуконтакт Македонија како лидер на проектот и партнерите: Јавното Претпријатие за пасишта и Здружение на Агроекономисти на Р. Македонија (ЗАЕМ). Целта на проектот е да се врати биодиверзитетот на пасиштата на Шар Планина и притоа да се создадат нови вработувања и нови можности.

 

Овој проект се спроведува во рамките на проектот “Подобрување на управувањето со заштитени подрачја”, финансиран е од Европската унија и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

 

Обуката ќе се одржи во Хотел Игнатиа, Гостивар, на 27ми Февруари 2019 (Среда), со почеток од 10: 00 до 18: 00 часот.

 

Би ценеле доколку го потврдите Вашето присуство, најдоцна до 25ти Февруари 2019 година (Понеделник).

 

Ви благодариме!

 

Александра Каракашова Сачкарска

Tel: +389 70 666 230

E-mail: aleksandra.s@mkm.mk

Арџина Нагавци

E-mail: arxhina@mkm.mk

 

Agenda Pokana
SHARE