Во рамки на проектот „Јакнење на локалните бизниси за предзвиците на глобалните пазари“,  Компонента 2: Зајакнување на капацитетите на избраните претставници на целните групи за искористување на програмите за финансирање на ЕУ, престојниот викенд 2 и 3 март 2019 година, во хотел Карпош, Скопје, ќе се одржи петтата заедничка работилница за малите и средни ппретпријатија кои се дел од проектот.

Целта на петтата заедничка работилница е разработка на теми на барање од претставниците на мали и средни претпријатија кои се дел од проектот, во вид на мини сесии и отпочнување на почетни подготовки за патувањето и присуството на B2B настанот во Италија, кој е организиран од партнерите во проектот CEPIEMONTE S.c.p.a (Piemonte Agency).

Проектот го спроведува Милиеуконтакт Македонија во партнерство со Centro Estero per l’Internazionalizzazione S.c.p.a. CEIPIEMONTE S.c.p.a, Torino, Италија. Проектот е дел од Националната програма за помош при транзиција и градење на институциите (ТАИБ) за 2013 година, Инструмент за пред пристапна помош, Компонента 1 (IPA I) финансиран од страна на Министерство за финансии на Р.Македонија, Централно финансирање и склучување на договори (ЦФСД).

SHARE