Милиеуконтакт Македонија во партнерство со CEIPIEMONTE S.c.p.a.

Ве покануваат да учествувате на

бизнис форум:

„Подобрување на соработката и интеракцијата помеѓу клучните актери во процесот на развој на економската конкурентост на Република Северна Македонија“

Овој бизнис форум се организира во рамки на проектот:

Јакнење на локалните бизниси за предизвиците на глобалните пазари

 

Настанот ќе се одржи на 21 мај (вторник), во хотел Арка, Скопје со почеток во 10 часот.  https://www.hotelarka.mk/

Овој бизнис форум има за цел да ја олесни понатамошната соработка помеѓу релевантните чинители (мали и средни претпријатија, стопански комори, јавни и образовни институции, здруженија на граѓани) за заеднички настап и учество во активности за подобрување на конкурентоста на национално ниво, на дологорочен план.

Овој бизнис форум ќе даде посебен акцент на истражувачките и развојните аспекти на процесот на развој на конкурентоста и воедно развојот на националата економија, преку зголемување на претприемачкиот и иновативниот капацитет на МСП.

Темите на бизнис форумот се следни:

Создавање на услови за поттикнување на инвестициите и инвестирање во постоечките мали и средни претпријатија

Можности за раст и развој на мали и средни претпријатија

Поттикнување на економската конкурентност на Македонија преку зголемување на претприемачкиот и иновативниот капацитет на МСП.

Проектот е финансиран од Европска Унија.

Договорен орган: Централно финансирање и склучување на договори (ЦФСД),

Министерство за финансии на Република Северна Македонија

Подобрување на капацитетите за иновации, како и истражувачките и

развојните капацитети на МСП, соработка помеѓу здруженија,

компании и универзитети и институти

Ве молам потврдите го Вашето учество, најдоцна до 20 Мај 2019 година (понеделник) на тел +389 70 666 230 или на E-mail: aleksandra.s@mkm.mk; info@mkm.mk

Ви благодарам!

Координатор на Проектот

Александра Каракашова Сачкарска

Прегледај Агенда
SHARE